СДСМ: Секој кој работел незаконски да понесе одговорност

СДСМ во реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ  за одредувањето притвор на сопственикот на ТВ НОВА Сеад Кочан истакнува дека секој кој работел противзаконски мора да понесе одговорност.

Според СДСМ, со соопштението ВМРО-ДПМНЕ застанала во заштита на Кочан.

– Секој кој работел противзаконски мора да понесе одговорност. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане со злоупотребата на луѓе за протести, дури и на деца, ученици, да престанат да провоцираат инциденти, конфликти и насилство и да овозможи мирен трансфер на власта, се вели во соопштението од СДСМ.