Политика

СДСМ: Скандалозниот тендер е поништен откако се разобличија валканите намери

СДСМ: Скандалозниот тендер е поништен откако се разобличија валканите намери

Скандалозниот тендер е поништен откако се разобличија нивните валкани намери што наидоа на осуда и остри критики не само од СДСМ туку и од целокупната јавност, се вели во реакцијата од Социјалдемократскиот сојуз на денешната прес конференција на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој информираше дека јавната аукција за продажба на земјиште спорти „Веро центар“ е поништена.

„Дополнително, до каде може да оди немилосрдноста на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ покажува фактот што Владата на Груевски продавала приватно земјиште за едно евро! Ова е невидена дрскост на арогантната власт на Никола Груевски, занесена во илузијата дека можат бесконечно да го кријат нивното вистинско лице. Оправдувањето на министерот Миле Јанакиески дека се работело за пропуст на Кататсарот е продолжување на праксата на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, вината за `се што не им одговара да ја префрлуваат на институциите што ги раководат“, се вели во реакцијата.