СДСМ: „Скопје 2014“ е закана за општата безбедност

Опозициската СДСМ денеска порача дека јавноста мора да знае дали некои од објектите од проектот „Скопје 2014“ се закана за општата безбедност и побара  институции да дозволат непречен пристап на новинарските екипи внатре во подрумите и темелите на објектите за граѓаните да видат како тие изгледаат.

– Два дена екипи на комуналните претпријатија дежураат во прескапо платените градби во центарот на Скопје и од нив вадат фекалии кои директно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, рече на прес-конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

И покрај сите ревизии и докази за лошо спроведните планови за градба, наведе Шилегов, досега никој не поднесе одговорност.

– Што уште треба да се случи за да некој понесе одговорност за загрозување на безбедноста на скопјани? До кога граѓаните на Скопје ќе стравуваат од најобичен дожд? Постои ли план за заштита на градбите крај Вардар?, праша портпаролот на СДСМ.