СДСМ со фашистички постапки бара демократија

СДСМ во последно време се обидува да прикаже борба за демократијата, но нивните дејствија го говорат спротивното. Колумни во кои се пишува за убиство на премиерот, говор на омраза, заканувачки пораки, линч, повици за јавна пресметка. Сите овие дејствија се карактеристични за опозицијата која во својата борба за демократија се служи со сосема недемократски средства. Според експертите кои ги консултираше Нетпрес во овој случај неможеме да зборуваме за демократија, туку во најмала рака за диктатура и за  фашистичко однесување.

Бранко Тричковски во својата последна колумна уште еднаш на виделина го изнесе капацитетот на опозицијата околу ова прашање, кој во најмала рака може да се нарече недемократски. Тричковски во колумната објавена во „Слободен печат“ пишува за убиство на премиерот, а згора над тоа, тој добива пофалби за ваквите изнесени зборови од главната медиумска тупаница на СДСМ, уредникот на овој весник, Бранко Героски.

tricko

-Ја гледам црвената точка на неговото теме и чкрапам, нула, еден, куршумот полетува, јас го вадам мобилниот телефон, му ѕвонам на премиерот, низ нишанот гледам како тој го крева својот „ајфон“ од масата со решенијата за Македонија, „ало вели тој, „ало“ велам јас, „сврти се накај американската амбасада, имам еден подарок за тебе“, му велам, тој се врти, го гледа ласерскиот зрак обоен во црвено, фацата му се изобличува како на Хамилтон во „Параболика“ на Монца, проектилот го крши џамот и влегува во основата на неговиот нос во форма на куртовска капија и прави божурен отвор во неговата чипирана глава!, пишува Тричковски во колумната.

Осуда за ваквиот говор на омраза и повик на линч очекувано не стигна од Здружението на новинари на македонија (ЗНМ), но затоа од истата беше задоволен Бранко Героски кој напиша дека колумната содржела „една одлична парабола“ и го пофали скандалозниот текст.

Кон крајот на минатиот месец порталот „Либертас“ на Ацо Кабранов објави смешен манипулативен текст со наслов „Тајванците пак пробуваат да ги признаеме. Нуделе многу инвестиции?!“

Повикувајќи се на неименуван извор од Брисел,  „Либертас“ пишуваше  дека „неодамна на средба во седуштето на ЕУ, во неформален разговор, нашиот МНР Попоски им се пофалил дека Тајванците покажале интерес и конкретни проекти за инвестирање во Македонија и наводно им открил дека единствен услов им било да го признаеме Тајван“.

Пред два дена заканувачки пораки со навредлива содржина осамнаа на влезната врата на домот на пратеничката на СДСМ, Љубица Буралиева.

buralieva_vrata

Многу веројатно е зад ваквиот напад да стојат активисти на СДСМ. Според информациите од нејзините соседи во скопско Ѓорче Петров, на нејзината влезна врата некоја напишал „К**во продадена“ и ставил знак за долар. Буралиева која е една од трите пратенички на опозицијата кои се решија да не го почитуваат повикот на Заев за бојкот и се вратија во Собранието, вели дека и претходно добивала закани.

Експертската јавност во Македонија вели дека ваквите постапки во никој случај неможе да бидат карактеризирани како борба за демократија.

Универзитетскиот професор Тања Каракамишева вели дека перјаниците на СДСМ во последниов период се надминаа себе си, ги преминаа сите граници на цивилизирано новинарско/човечко однесување, длабоко загазија во казнената зона утврдена во Казнениот законик на Република Македонија, и навистина погубно, ги фрлија во бунар демократските вредности на новинарската професија и етиката на новинарот.

–  Комплетно ја згазија сопствената професија и ја омаловажија сопствената мисла и пишан збор до степен од кој нема враќање назад. Некои личности со збор покажаа дека не им е место да бидат дел од новинарската фела, не заслужуваат да бидат дел од јавното мислење, а уште помалку да бидат негови креатори. Потребата од оградување од ваквите фашизоидни и грозоморни изјави од најповиканите, пред се, ЗНМ и другите здруженија на новинари, и натаму стои, со цел ублажување на црнилото кое го фрлија неколкумина новинари во медиумскиот простор. Ако пак нема никаква реакција тоа треба длабоко да не замисли сите нас во кој правец оди новинарството, дали има граници целиот овој невкус и злоба и дали уставно загантираната слобода не е егзекутирана од неколкумина егзекутори пред очите на сите нас? Во името на демократијата, опозициската перјаница ја изведува најгрозоморната точка на насилство без никакво чувство на одговорност и морал.

Владимир Божиновски од Институтот за политикологија вели дека ако некој бара демократија, демократско дејство, тогаш треба да ги почитува своите демократски принципи, а демократски принципи се разлика на мнение, една политичка битка околу тоа кој е во право, политичка дебата…

Според него, кога некој отворено повикува на насилни протести, насилно доаѓање на власт, омраза, тогаш веќе не станува збор за демократија, туку за диктатура.

Мирка Велиновска пак вели дека ова се радикални дејства кои имаат цел да ја дестабилизираат Македонија и опозицијата тоа го прави во континуитет.

– Последните настани, поготово последниот настап на господинот Заев е застрашувачки. Значи прво тој јавно објави дека има сценарио за дестабилизација на Македонија и секаде го активира, а во рамките на тоа сценарио упати и повик директен до ДУИ да излезат од Влада затоа што ги прогласи за фактор кој можат да ја дестабилизираат Македонија, да предизвикаат длабока криза и да ги доведат нив на власт без избори. Ова не е само кажан збор, ова е дејство. Ние сме веќе 7 месеци заложници, неможе да функционира нормално Законодавната власт, бидејќи немаме опозиција. Тоа ни го нарушува имиџот како држава надвор и го отвора патот за странска интервенција која почнува прво со олеснувачки мисии, а потоа завршува со мировни договори. Ние и во 2001 вата имавме исто вакво сценарио, исто ваква фингерајка , само тогаш беше аферата Големото уво, а сега во недостиг на афери провоцираат. Ако некој сака да види што е фашизам, тогаш ова е тоа, вели Велиновска.