СДСМ со грчките дипломати продолжува да работи против Македонија

Раководството на СДСМ предводено од заменик- претседателот Радмила Шекеринска ужива во своите чести посети на европските земји каде се сретнува со дипломати кои имаат грчко потекло.

Токму тоа се случи и при нејзината последна посета на Франција. Шекеринска од огромниот број на француски дипломати избра да оствари средба со непознатиот секретар на социјалистичката партија Жан Кристоф Камбаделис. Она што е симптоматично за него е фактот што тој има грчко потекло.

Оваа средба можеби ќе поминеше незабележано и некритикувано, ако вториот човек на СДСМ не испратеше заедничко соопштение со дипломатот од Грција. Во тоа соопштение, соговорниците не пропуштиле ниту еден сегмент за да ја критикуваат Македонија.

Сумирано, Шекеринска отиде во Франција да оствари средба со дипломат со грчко потекло, па заедно со здружени сили ја “исплукаа“ нашата земја.

По средбата стигнаа остри критики дека Македoнија има демократски неуспеси што несоодветствува со демократските вредности и владеењето на правната држава кои владеат во Европската Унија.

Во соопштението на Социјалистичката партија на Франција за средбата на Шекеринска со Kaмбаделис, а лиферувано од СДСМ, освен обвинувањето дека Македонија се соочува со „демократски неуспеси“, меѓу другото стои:„Почитувањето на правната држава и демократијата се во срцето на нашите демократски вредности и темелот на ЕУ, пред која Република Македонија има поднесено барање за прием. Тие се барања за народите и државите, со што се обврзани без исклучок“, пишува во соопштението.

Дневниот весник „Дневник“, вчера објави дека овој дипломат е двоен осуденик за криминал.

Ова не е прв случај во кој челниците на СДСМ работат против Македонија надвор од нејзините граници.

Често во политичкит кругови кружат гласини дека раководството на СДСМ одржува контакти со Шацимаркакис, поранешен германски европратеник, со грчко потекло, кој редовно го брифираа за актуелните политички состојби од призмата на СДСМ.

Инаку, Шацимаркакис во април оваа година бараше од европскиот парламент повлекување на кандидатскиот статус на Република Македонија за членство во Европската Унија.

papandreuuuu

Токму Шекеринска со години одржуваше контакт со уште еден Грк кој работи против Македонија. Таа контактираше со поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу. Во 2011-та оствари дирекна средба со него.

По средбата, според анализата која познавачите ја дадоа тогаш, не беше лобирано за напредока на Македонија во евроатланскоиот пат. Напротив, истата била искористена, Јоргос Папандреу да биде брифиран за состојбите во Македонија што потоа го искористи за понатаму да поставува пречки на Македонија во евроинтеграциите.

Радмила Шекеринска ваква иста средба со Јоргос Папандреу оствари во Солун во 2012-та година.

Познавачите на приликите во СДСМ, многу често посочуваат дека оваа партија остварува голем број на дирекни и индирекни контакти со политички и дипломатски лица од Грција, од кој дел остануваа неофицијални и јавноста никогаш не разбра што се разговарале на овие средби.

За волја на вистината, не е воопшто чудно претставници на опозицијата да остваруваат средби со грчки дипломати, но ако истите се користат за презентација на македонската позиција. Македонската јавност никогаш досега не слушнала дека некој од СДСМ побарал промена на грчката политика или почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во врска со спорот за името. Тој факт ги загрижува граѓаните на Македонија бидејќи тие очекуваат македонските политичари да работат за корист на граѓаните и државата, а не како нејзини непријатели.

Факт е дека СДСМ остварува непринципиелни средби со дипломати од грчко потекло или функционери од Грција, од кои средби се лиферуваа соопштенија за кои македонската јавност не може да разбере дали се во интерес на Македонија или во интерес на Грција и нивната политики за блокирање на нашите евроатлански интеграции.