Македонија

СДСМ со лажни податоци за европската администрација

СДСМ со лажни податоци за европската администрација

За Димова бројот на администрацијата во Македонија треба да е 120 вработени. По шпекулациите за македонската администрација СДСМ продолжи со лажни податоци и за администрацијата во ЕУ, пишува Курир.

dimova1-613x320_thumb_medium500_261

Неуспешниот обид на опозициските медиуми за креирање на лажна тема во јавноста, а поврзано со бројот на вработените во администрацијата, дополнително беше збогатен и со изјава на членот на претседателството на СДСМ и пратеник во Собранието од СДСМ, Лидија Димова. Со целосно неточни компарации и споредби што претставуваат тотален лаицизам и доказ дека СДСМ и нивните медиуми креираат тема која не постои и дека незнаат што тоа значи, беше потврдено и со изјавата на Лидија Димова објавена на Плусинфо на Бранко Героски.

Администрацијата на Европската унија, односно администрацијата која опслужува 28 земји и 500 милиони луѓе, брои вкупно 30.000 луѓе. Значи, тука е администрацијата од Европската комисија, од Советот на Европската унија, од многубројните агенции… Е сега, колку жители имаме ние, а колкава администрација имаме?” – изјави Димова.

dimova-fb

Со оваа изјава, СДСМ преку својот главниот фронтмен за евроинтеграции и администрација, го продолжува континуитетот на ширење на лаги поврзан со број на административци. Ако преку своите медиуми прво лажеа за бројот на вработени во администрацијата во Македонија, презентирајќи во јавноста бројка повисока за околу 40% од реалната, со исто такво зголемување од околу 40%, сега директно преку Димова, СДСМ пласираа уште една лага, овој пат поврзана со бројот на администрацијата во Европската Унија. Имено како што не е точна бројката што ја пласираат во медиумите за бројот на вработени во македонската администрација не е точна ни бројката што СДСМ ја оперираат за вработени во администрацијата во Брисел, каде според официјалниот сајт на Европската Унија стои дека бројот на вработени само во Европската Комисија, Советот на Европа и Европскиот Парламент е над 42 илјади.

eu-n

Покрај овој обид за продолжување на шпекулациите за вработени административци, овој пат во ЕУ, за познавачите и споредбата што СДСМ ја прави претставува целосно неиздржана теза, бидејќи произлегува дека доколку се движиме според математиките на Димова и СДСМ, аналогно на бројката на администрација за која таа излажа дека ја има во Европската Унија, ќе испадне дека бројот на вработени во администрацијата во Република Македонија, според Димова треба да изнесува 120 лица!

За експертската јавност оваа изјава на Лидија Димова претставува неуспешен обид за манипулирање и непрофесионално шпекулирање за функционирање на администрацијата и бројот на вработени во администрацијата. Зачудени од покажаните основни непознавања на темата експертите велат дека ваквиот обид на СДСМ и Димова да прават споредби за функционалност и број на администрација и вакви компарации претставува целосно непознавање и ширење на дезинформации во јавноста.

Сите потенцираат дека администрацијата во Брисел, која брои многу повеќе вработени од тоа што СДСМ кажува, функционира дополнително од секоја национална администрација во земјите членки и според тоа ваквата споредба на СДСМ и Димова е целосно неиздржана, целосно шпекулативна и лажна.

Согласно оваа математика на СДСМ дека бројот на вработени во македонската администрација треба да брои 120 лица, СДСМ уште еднаш покажува во јавноста основни непознавања и шири целосно неиздржани и невистинити тези.