СДСМ со некрофилска политика сака да оствари бенефит од сообраќајките

Во изминатиот период започнаа повеќе иницијативи чија цел е персонализирање на одговорноста за сообраќајните несреќи, и покажување со прст – посочувајќи одговорност притоа користејќи политички вокабулар, наместо стручна анализа, пишува Курир.

Како се ближат изборите се чини дека опозицијата и нема да бира средства во политичката битка. Последно беше граѓанско организирање на протести со велосипеди, а зад чие јадро стојат длабоки политички мотиви.

За многумина некрофилската политика на опозицијата нема да донесе помалку жртви во сообраќајот.

Нивната тенденција е јасна, протестите со велосипеди имаат за цел секоја наредна сообраќајна жртва да се врзува со името и дејствувањето на градоначалникот на Скопје, кој пак за волја на вистината во изминатиот период драстично се вложува повеќе за квалитетни сообраќајни решенија.

Одговорноста е колективна, а превенцијата за помалку жртви е резултат на заедничка и координирана акција на сите општествени чинители.

Фактите говорат дека од 2007-ма до сега за 50 проценти е зголемен бројот на возила во Скопје, затоа и се изврши неколкукратно зголемување на булевари. Се прошири во повеќе етапи „Илинденска“,  булеварите „Теодосиј Гологанов“, „Борис Трајковски“,  се работи на „Цветан Димов“, се реконструираа булеварите „Св. Климент Охридски“, делови на „Партизанска“, булеварот „Јане Сандански“, додека „Македонска ударна бригада“ се претвора во нов современ булевар.

Истовремено се вложија и средства за изградба на катни гаражи со кој тротоарите треба да се остават на пешаците. Досега се вложени над 43 милиони  евра за изградба на катни гаражи, а со финисирање на проектот треба да се обезбедат над 5000 паркинг места.

Одговорноста е и на несовесните возачи кои се паркираат на пешачки зони како и во недостатокот на сообраќајна култура. Дека се врши комплетна замена на тези и во јавноста се стимулира политичко слепило говори и фактот што доколку се погледнат бројките ќе се заклучи дека Македонија има најмалку жртви од сообраќајни несреќи во регионот.

Табелата изгледа вака- Загинати во сообраќајки на 100.000 жители:

Македонија во просек 7,9 (162 загинати), а доколку се земат последните податоци од 2014та и првите 8 месеци од 2015-та имаме 6.5 загинати лица на 100 000 жители

– Турција има 9,6 (7.255 загинати)

Босна 14,2 (549 загинати)

Србија 9,5 (689 загинати)

Албанија 12,7 (408 загинати)

Бугарија 10,4 (776 загинати)

Грција 9,1 (984 загианти)

Романија 11,1 (2.377 загинати)

Што се однесува во Македонија во 2013-та загинале 170 лица восообраќајни несреќи, а минатата година се забележува тренд на опаѓање и бројката изнесува 115.

Хронолошки гледано од 2003-та до 2013-та бројот на загинати е сличен, а тенденцијата опаѓа во 2014-та.

Токму таа година Владата превзема и кампања за подигнување на јавната свест.  Најголем причинител на сообраќајни несреќи е грешка на возачот, неприлагодена брзина и непоцитување на сообраќајната сигнализација. Следна по застапеност грешка која е причинител за несреќи е непрописно претекнување.

Експертите се согласни дека одговорноста е колективна, најмногу на учесниците во сообраќајот.