СДСМ со низа афери поврзани со медиумите- пазарења за новинари, заеднички фирми, милиони од СОРОС

Во јавноста одамна нема дилема колку тежи “професионалноста“ на опозициските новинари кои жолчно ги бранат политиките на Зоран Заев и СДСМ. Таа е мерлива и се изразува во апсолутни бројки, 93 милиони евра. Толку Фондацијата СОРОС инвестирала во професионалните новинари на СДСМ на во последните 20 години, пишува Курир.

Јавноста е запознаена со низа афери на најголемата опозициска партија поврзани со медиумите изминативе години. Новинарскиот труд на новинарите кои Заев ги нарекува професионални  чинел во просек по околу 5 милиони евра годишно. Фондацијата СОРОС Македонија, чиј претседател Владимир Милчин е поранешен член на раководството на СДСМ, во своите години на делување потроши над 93 милиони евра наменети директно за корумпирање на сите општествени сфери.

Оваа фондација ги финансира медиумите како Плусинфо и Слободен печат на Бранко Героски, Либертас на Ацо Кабранов, Нова ТВ на Борјан Јовановски, Бриф на Ленче Николоска, А1.он на Предраг Петровиќ, Фокус, порталот Центар њуз и многу други нивни сателити. Овие медиуми предничат во манипулациите и секојдневните конструкции против ВМРО-ДПМНЕ.

Во јавноста неодамна на виделина излезе пазарењето на новинарскиот кредибилитет за минути за рекламирање, нешто за што говореше и Љубе Бошкоски. СДСМ е партијата на чии листи се најдоа токму новинари од истата телевизија за која Бошковски тврдеше дека има пазарење.

Оттука доаѓа прашањето, дали и СДСМ добил попуст кај Велија Рамковски за рекламирање на А1 телевизија, ако се има во предвид дека двајца новинари на оваа телевизија, Сафет Бишевац и Ленче Николовска како претставнци од здружената опозиција предводена од СДСМ и дел од опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ успеаа да се изборат за пратенички места, кои според тврдењата на Бошкоски носеле и минимална наплата за рекламирање на А1.

Во целиот амбиент и корумпирањето на медиумскиот сектор се придодава и фаврозириањето и корумпирањето на целиот невладин сектор и безбројните сателити невладини организации кои се финансираат од парите на СОРОС Македонија, како на пример партискиот институт на СДСМ Прогрес, Контрапункт, Плоштад Слобода, Трансапетретност Македонија, Хелсишнскиот комитет за човекови права, Македонскиот центар за европско образование и многу други.

На почетокот од минатата година, весникот „Дневник“  ја обелодени аферата со новинарите бизнисмени, односно фактот што новинари блиски до СДСМ имале фирми и наместо новинарството примарна цел им бил бизнисот и парите. Па така, на тој список се најдоа Бранко Героски, Ацо Кабранов, Билјана Секуловска, Менче Точи, Борјан Јовановски, како и Оливера Трајковска која имала заедничка фирма со Софија Куновска од СДСМ.