СДСМ со нов автогол: Според нивна студија плацот на семејството на Протоѓер не е во блатото

Во дел од објавените телефонски разговори кои ги објави Томислав Тунтев денес во Охрид се тврди дека се гласовите на шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер и министерот Миле Јанакиески.

Во аудио парчињата се зборува за некое земјиште, а од начинот на кој се најави и презентира делот од разговорот се добива впечаток дека Протоѓер пројавува некаков интерес за земјата, се слуша дел во кој тој зборува за пристапен пат до земјиштето.

Овој дел беше најавен како доказ зошто се урбанизирал просторот во блатото и како тоа Мартин Протоѓер со Миле Јанакиески заговара планови за ова земјиште.

ЗЕМЈАТА Е НАСЛЕДСТВО НА МАЈКАТА НА ПРОТОЃЕР И НЕ Е ВО ЗАШТИТЕНАТА ЗОНА НА БЛАТОТО

11111111

 

Земјата која ја спомнува СДСМ нема никаква врска со блатото. ”Охрид1” дојде до скица од просторот на кој е земјиштето кое е семејно наследство во охридската фамилија Протоѓеровци, и не е во сопственост на Мартин Протоѓер туку е во косопственост на неговата мајка и други нејзини роднини, или како што во Охрид се кроисти израз за наследен имот на повеќе лица, земјата е ”дељејнца” помеѓу повеќе братучеди. ( што значи не е зграбено од државата нити е дел од блатото ).

СДСМ на денешниот прес презентирајќи тонски исечоци се обиде во јавноста да креира лажна претстава дека Протоѓер барал од охридскиот Градоначалник Никола Бакрачески урбанзиација на површини од блатото.

Но, вистината е дека земјата не е на Протоѓер, дека е наследство и дека е далеку од заштитениот дел на блатото, лоцирана до кривината кај реката Рача, на самиот Булевар Свети Наум Охридски и е опкружена со дурги ниви. Во правец на езерото на овој дел дури постојат и куќи од тврда градба изградени во изминатите години.

”ЕКОЛОГИСТИТЕ” ПРЕД ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА БИЛЕ НА СРЕДБА ВО СДСМ

Група ”екологисти” непосредно пред прес конференциајта биле на средба со раководстовот на СДСМ од Скопје кое денес престојуваше во Охрид – дознава Охрид1 од извори во СДСМ.

Што зборувале ”екологистите” со политичарите од СДСМ не е познато, но очигледно е дека се работи за континуитет во активностите кои одредени еколошки иницијаитиви ги имаат во речиси сите меидуми во Охрид, каде се константно присутни и сесрдно подджани од истите, а овие екологисти доминираат и на фејсбук каде секој кој не се согласува со нив е предмет на напади.

Добро организирани тие доминираат на социјалните мрежи и заедно со големата поддршка која ја имаат од скоро сите медиуми во Охрид успешно водат манипулативна кампања и пред јавноста прикажуваат еколошки катастрофи кои се слуиле во минатото, тврдејќи дека се случиле сега под оваа власт.