СДСМ со панични СМС до членовите: Не се занимавајте со мастилото Рилковски го набави

Панични СМС пораки биле испраќани од раководството на СДСМ до членовите на партијата. Раководството на опозицијата реагирало жестоко на обидот да се крене голема врева околу мастилото со кое се обележуваат гласачите на изборните места, дознава Нетпрес од партиски извори.

„Не се занимавајте со мастилото Рилковски го набави. Подобро ќе ви биде да ги вадите нашите на гласање“, стои во пораката која се искпраќала циркуларно до сите пониски слоеви во партијата, а до која дојде Нетпрес.

Понатака е наведено:

„Видливото мастило е составен елемент во заедништво на сите потребни елементи во процесот на гласање, кои гарантираат еден граѓанин, еден гластајност на гласањето и регуларност на гласањето. Сите членови строго да ги почитуваат партиските задачи и да се насочат на вадење на гласање на сите наши гласачи, наместо на бришење на видливото мастило.

Со почит,

Шеф ЦИС

Оливер Спасовски“.

 

SMS1