СДСМ со партизација го урна угледот на полицијата

Македонците имаат најмала доверба во полицијата меѓу сите членки на ЕУ и државите кандидати за членство, покажува истражувањето на Евробарометар. Според истражувањето кое што е спроведено во мај годинава, само 34 проценти од Македонците и’ веруваат на полицијата.

За споредба, од ноември  минатата година, забележан е значителен пад на довербата во полицијата за седум проценти.

 

Но, не толку одамна, во 2014 година, според резултатите од истражувањата, како и извештајот од ОБСЕ,  имашеа сосема поинаква слика, односно, зголемување на довербата во полицијата.

Тогаш над 65 отсто од граѓаните се изјаснија дека и’ веруваат на полицијата.
Според  истражувањето кое што тогаш го презентираше МЦМС, европски просек бил 42 %, а кај нас 2/3 од испитаниците и верувале на полицијата.


Тоа е потврда дека за време на претходната власт,  секоја година се зголемувала довербата во полицијата, односно во однос на 2010 година, довербата меѓу Македонците се зголемила од 59 на 71 процент, а меѓу Албанците од 31 на 55 проценти.

Факт е дека изминативе две години овој ресор го држи СДСМ и нејзиниот коалиционен партнер, а исто така со ова министерство и неговото актуелно раководство се поврзуваат низа скандали. Партиски вработувања и напредување во кариера преку прескокнување на две три склила од еднаш, менување на функционери во МВР, кои пак, се осомничени за изборен криминал…

Колку решенија за унапредување и разрешување од одредени позиции во МВР се поделени во првите 100 дена, и по кој законски основ се унапредувањата по неколу скалила?  Ови прашања предизвикаа голем револт во јавноста и неминовно бараат транспарентен одговор.

Неодамна, вработени во СВР Куманово, во отворено писмо обвинија за реваншизам, одмазда и незаконски смени од СДСМ и Спасовски во Куманово.

Се правеше „драма“ од мерцедесот за високи странски гости, а купен во време на ВМРО-ДПМНЕ, дека бил непотребен. Бил непотребен, а се’ уште не е продаден и се употребува…
Фарсата да биде поголема треба да се одговори и на прашањето колку пати тој е ставен во употреба од новата власт за 100-те дена од нивното владеење?

Исто така, во август годинава имаше тежок инцидент во Струмица кога полицаец застрела двајца малоетници, од кои едниот беше во тешка состојба. Министерот Спасовски, не понесе никаква одговорност на случајот.

Лидерот на Достоинство и поранешниот полициски генерал, Стојанче Ангелов, заедно со неговата сопруга се вратија во МВР, како што тој посочи „на предлог на премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски“. По кој закон е „предлогот“ и дали имаше конкурс за нивното вработување, е исто така многу легитимно прашање, за кое јавноста нема одговор.

Ова се само дел од прашањата кои ја засегнаа јавноста изминатиот период, но за актуелното раководство не предизвикаа потреба тие јавно да бидат образложени.
Затоа сомнежите и незадоволството кај граѓаните расте, а расте и недовербата во структурата на Министерството за внатрешни работи.
Ако ништо друго, барем истражувањата, прецизно и јасно, го покажуваат тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.