СДСМ со прирачникот за тимовите го допре дното

Откако СДСМ им напиша на партиските активисти што треба да зборуваат кога ќе се сретнат со граѓани, истите тие добиле и задача да запишуваат за се’ она што разговaраат, во формулари кои дополнително ќе им бидат дадени кога ќе тргнат на терен, бидејќи од од најавените 5.000 тимови на СДСМ, во јавноста засега излезе само прирачникот со кој централата на Бихаќка ги учи своите активисти, како да комуницираат со граѓаните, пишува порталот Курир.

Скандалозниот прирачник на СДСМ го покажа нивото на најголемата опозициска партија за комуникација со граѓаните. Извежбајте го добро она што треба да го кажете, облечете се пристојно, не носете очила за сонце. Тропнете на вратата, но не многу силно. Кога ќе ви отворат вратете се чекор назад за да не помислат дека сакате да им влезете дома. Преправајте се дека ги разбирате, па ако треба и лажете. Знам како е со мало дете, и јас имам едно.

Ова се само помал дел од инструкциите содржани во прирачникот со кој социјалдемократите го допреа дното, а доаѓаат од централата на СДСМ за имплементација на новата стратегија на дејствување на партијата преточени на хартија. Во него, раководството ги учи своите партиски активисти на основна култура на однесување, па им вели да бидат позитивни и ведри и да не се прават експерти за политика. За да нема грешки, им дава насоки дури и како да се претстават.

„Разговорот почнува вака: Јас сум тој и тој,Сакавме да ве слушнеме, дали може да ви одземеме неколку минути од вашето време – стои во прирачникот на СДСМ. За да не губат многу време со граѓаните, раководството на активистите им дава насоки како да се справат со оние луѓе кои ќе сакаат подолго од десет минути да разговараат со нив.

„Би зборувале уште долго, но денес морам да стигнам кај уште триесетина соседи од вашето маало“ – се вели во прирачникот.

Изминатиот викенд, заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска според нашите информации држела обука за своите сопартијци во Штип, преку смешна Power Point презентација на видео бим. Обуката во суштина била за тоа како да им се приоѓа на луѓето и на кој начин да се движи конверзацијата, што според познавачите претставува уште еден доказ дека во СДСМ дури и ова функционира вештачки.

На обуката на Шекеринска во Штип биле присутни 50-тина лица, кои не го добиле фамозниот прирачник кој веќе се појави во јавноста, од причина што на претходната обука во скопски Карпош социјалдемократите го поделиле истиот, поради што тој стана достапен и за пошироката јавност, а не само за партиските активисти. Според информациите, на присутните им било посочено дека откако ќе започнат посетите на терен, ќе им бидат доделени формулари во кои ќе треба да запишуваат за што се’ разговараат со граѓаните.

Кои се останатите директиви за тимовите?

– Облекување во соодветна облека, без очила за сонце и без капа
– Граѓаните да не се посетуваат за време на ручек
– Во моментот кога ќе ви ја отворат вратата, секогаш направите чекор назад. Така ќе покаже-те дека немате намера да влезете

– Вежбање на она што треба да се каже
– Никогаш не одете од врата на врата сами, тропајте ниту претивко ниту прегласно

– Бидете насмеани, позитивни и ведри

– Не почнувајте го разговорот со жалење за ситуацијата или за лошите политики на власта

– Не влегувајте во расправии

– Разговорот просечно треба да трае десет минути

– Ако граѓаните во тој момент се зафатени, извинете им се и прашајте дали може да намине-те за половина час

– Не правете се експерт за политика. Ако не го знаете одговорот на прашањето на граѓани-нот, насочете го каде може да го најде

– Едниот член на тимот разговара со гласачот, другиот запишува

– Разговорот почнува вака: Јас сум… Сакаме да ве слушнеме… Дали може да ви одземеме не-колку минути од вашето време

– Прашајте ги кои проблеми им се најголеми во општината, кои се најважните прашања во државата, дали би н` поддржале ако утре се одржат изборите, дали сакате да станете наш член…

Посебен совет е даден за во ситуација кога домаќинот кај кого тимот дошол се зазборувал повеќе од десет минути, а тие се брзаат за да одат на следната врата.

– Еве како учтиво да се извадите од таквата ситуација: Би зборувале уште долго, но денес морам да стигнам кај уште триесетина соседи од вашето маало. Слободно пишете ни имејл или побарајте н`, сите информации се содржани во брошурата што ви ја дадов.