СДСМ со тешки опструкции против формирањето на универзитетот „Дамјан Груев“

Една благородна идеја и проект на Владата е претворена во политичка пресметка и блокада наметната од СДСМ пишува порталот „Курир“.

Како што пишува „Курир“, пратениците од СДСM не сакаат да се донесе одлука и да се формира универзитетот со цел да се предизвика нова политичка криза. За тоа немаат никакви аргументи, но затоа се бучни, се закануваат и поднесуваат бесмислени амандмани со цел да ја блокираат работата на Собранието и формирањето на универзитетот.

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО –ДПМНЕ, Илија Димовски поднесените 980 амандамни немаат ниаква логика и се тотално бесмислени .

Скоро сите 980 амандмани поднесени од СДСМ, немаат никакво суштинско значење, контрадикторни се и имаат за цел да се влече до недоглед процедурата за носење на овој закон, но и се доказ за непознавање на правото, деловникот и проблематиката од страна на пратениците на СДСМ, вели Димовски.

Тој на прес конференција рече дека целта е да не се донесе законот за основање на нов државен Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир Дамјан Груев и да се предизвика нова политичка криза.

СДСМ сака да го повтори сценариото за предизвикување на нови инциденти и нови кризи во Собранието на Република Македонија. Немаат аргументи, немаат програма, немаат идеи, но затоа навредуваат, затоа се закануваат, затоа поднесуваат илјадници глупави амандмани. Сакаат да креираат криза во Собранието, за да ја продолжат кризата која ја создадоа надвор од Собранието. СДСМ знаат да работат само кога создаваат проблеми, деструкции и криза, рече тој.

На СДСМ му пречи името на македонскиот револуционер

Првата забелешка…