СДСМ со тешки опструкции против формирањето на универзитетот „Дамјан Груев“

Првата забелешка на пратениците од опозициската СДСМ е името на македонскиот револуционер. Тие не сакаат универзитетот да биде наречен по името на еден од најпознатите македонски револуционери,  тие  сакаат да биде истакнато името на контраверзниот Страхил Гигов, или Вера Ацева Крсте Црвенковски, Видео Смилевки Бато.

Впечатливо е дека и во предлозите што ги доставиле не може да се усогласат ниту во тоа какво име сакаат, па предлагаат по 5 до 6 предлози. Срамот да биде поголем тие имаат поднесено и контрадикторни амндмани па така, во еден предлагаат бројот на питомци да не биде поголем од 136, па со друг 73, во трет 91 питомец, во четврт непоголем од 61, во друг да не е поголем од 16.

По сето ова, СДСМ на крај за да поднесат амандман да се избрише членот на закон кој ова го регулира. Исто така СДСМ поднела 5 амандмани кога законот да стапи во сила и сите се со различен тајминг, за да на крај поднесе амндман со кој предлага брисење на тој член од законот.

„Колку полошо за државата, толку подобро за СДСМ“

Има и огромен број на амандмани кои се повторуваат. СДСМ со ова се води од девизата „колку полошо за државата, толку подобро за СДСМ“.  Истовремено освен опструкцијата, СДСМ расправата ја води и  кон физичка пресметка. Пратениците на СДСМ се нафрлија на жена пратеник.

Пратениците на СДСМ на Комисијата за образование исценираа насилен инцидент кој имаше за цел да предизвика реакција и на тој начин да предизвикаат тензии кои потоа би ги прикажале како алиби пред претставниците на меѓународната заедница дека нема елементарни услови за спроведување на избори.

Оваа драматична и насилна престава пратениците на СДСМ ја организираа откако ја блокираа работата на Комисијата со апсурдни 984 амандмани, а Комисијата предложи рационализирање на расправата.

Симптоматично е…