СДСМ со тешки опструкции против формирањето на универзитетот „Дамјан Груев“

Симптоматично е што ваквите инциденти СДСМ ги прави на седници на Комисии со кои претседаваат пратенички од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а кои имаат за цел да предизвикаат емотивни реакции, страв и евентуална реакција на службите задолжени за безбедноста.

sdsm-nasilstvo-sobranie-640x320

Пратениците коментираат дека СДСМ како ќе се ближи датумот до избори толку посилно ќе работат на кревање на тензии во Собранието и предизвикување на инциденти. Ова според нив е реакција на очај и неспособност, како и катастрофалната поддршка меѓу граѓаните. Вакви обиди правеа и во 2007 и во 2012 и сега во 2016 кога напаѓаа пратенички, ги навредуваа и им се закануваа.

Јавноста помни дека ова беше само еден од низата инциденти кои СДСМ ги предизвикува во Собрание.

Во видеото во продолжение потсетуваме на насилното однесување на СДСМ во Законодавниот дом, години наназад.

Врвни професори за врвно знаење

Инаку планот е покрај врвни домашни научни работници кои имаат трудови во списанија со импакт фактор, на новиот универзитет да се донесат голем број македонски професори на странски универзитети и голем број врвни професори од странство со многу научни трудови меѓународно признати. Ова особено ќе биде застапено на Правниот и Медицинскиот факултет.

Медициснкиот факултет ќе биде исклучиво на англиски јазик со голем број странски професори и со ограничен број студенти со силни критериуми за прием на најдобрите.

Истите како во најразвиените западни земји, за време на студирањето секој ден ќе работат во „8 ми септември“.

Само за челниците на СДСМ е јасно зошто партијата која 10 години е во опозиција со насилство се противи на една ваква идеја од која корист ќе имаат сите.