СДСМ собрала 8.000 евра: Заев донирал 1.000 евра, Шекеринска ниту денар

СДСМ и Зоран Заев туркаат федерализација на Македонија

СДСМ  за пола година собрала 8.000 евра: некој донирал 8, некој 80.000 денари. Весникот „Вечер“ ги пренесува извештаите објавени на веб страната на СДСМ од кои се гледа колку парични донации добивала партијата во првите шест месеци од годинава.

Во најголемата опозициска партија секој денар е добредојден, па членството ситните парички наместо во касичка ги префрла на трансакциска на Бихаќка. Меѓу донаторите е и првиот човек на СДСМ, но и актуелни општински функционери.

sdsm-sobra-8.000-evra

Извесна Валентина Мициќ во Јануари донирала 8 денари на сметката на СДСМ, за само една недела да ја зголеми за уште 1.992 денари, со што само во првиот месец од оваа година ја освежила опозициската сметка за 2.000 денари. Скромен бил и Цветан Леов, кој за партијата построшил само 38 денари.

Според „Вечер“, меѓу повеликодушните се лидерот на партијата Зоран Заев кој донирал 1.000 евра, додека генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски првиот пат донирал 500 евра, а потоа уште 40.000 денари. Не штедел ниту секретарот на општинската организација на СДСМ Струмица Илија Патриков, кој донирал скоро 15.000 евра.

СДСМ на својата веб страна објави колку парични донации добила во првите шест месеци од годината, каде во неколку наврати може да се забележат донации од 90 и 100 денари. Во првите шест месеци од годината партијата собрала над 490.000 денари или околу 8.000 евра.

sdsm-sobra-8.000-evra-1

Објавувањето на овие извештаи за партиите е законска обврска која произлегува од законот за финансирање на политичките партии, и од нив се бара да доставуваат финансиски извештаи до Државниот завод за ревизија и УЈП и извештаите да ги објавата на својата веб страница.

Во истовреме, „Вечер“ пишува дека најголемата опозициска партија користи општински ресурси за свои партиски цели.Чистењето на теренот по растурањето на кампот во четвртоткот се вршеше со службени возила на Општина Струмица и Општина Центар, каде локалната власт е во рацете на опозицијата. Комбиња и вработени од општините каде СДСМ е на власт расчистуваа кај партискиот камп пред владата , но сепак го оставија ѓубрето кое го исчисти град Скопје. Партијата која речиси секојдневно обвинува за злоупотреба на државни ресурски за партиски цели, вчера на дело покажа дека токму таа го прави тоа, користејќи ресурси кои од општините кои се под нејзина контрола.

Покрај употреба на службени возила, според „Вечер“ се поставува прашањето дали за исти цели се злоупотребуваат и народни пари, односно кој го плаќа горивото, возачите и се останато. По глетката која јасно кажува дека СДСМ користи општински ресурси за партиски цели, се поставува прашањето дали можеби целото функционирање ма кампот во претходните два месеци било на сметка на буџетот на овие општини, односно на терет на граѓаните.

И додека Струмичани од една страна секојдневно бараат од својот градоначалник да го исчисти ѓубрето од својот град кој е полн со смет и депониии според нивните тврдења, Заев од друга страна ги злоупотребува ресурсите кои кои им стојат на располагање на Струмичани за расчистување на партискиот камп во Скопје.