четврток, 9 февруари 2017  |  Вести денес: 6

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос се две страни на иста паричка

Како и многупати досега организациите финансирани од луѓе како Владе Милчин и неговите духовни чеда Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ и Лидија Димова кои глумеа невладини седнати во скутот на СДСМ, се обидоа да ја уништат во корен секоја мисла различна од нивната пропаганда која добива и насилничка форма, стои во соопштението.

vmro

Последни вести

Хајката која по нивна нарачка против вистинскиот невладин сектор ја водат окупаторите и уништувачите на граѓанските иницијативи уште еднаш излезе на виделина поради невниманието на соросовите невладини јуришници во служба на СДСМ, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрлен текс од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Сорос праќаат мејлови од иста адреса, во кои со тужби им се закануваат на сите кои ќе се одважат да им опонираат на нивните тоталитарни начини на практицирање квази граѓанство.

Како и многупати досега организациите финансирани од луѓе како Владе Милчин и неговите духовни чеда Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ и Лидија Димова кои глумеа невладини седнати во скутот на СДСМ, се обидоа да ја уништат во корен секоја мисла различна од нивната пропаганда која добива и насилничка форма.

Токму затоа граѓаните на 11-ти декември им кажаа не во огромно мнозинство на ваквите насилници и застанаа зад процесот на десоросоизација на македонското општество. Овој процес е неопходен за Македонија да се ослободи од злото кое го убива оној дел од цивилниот сектор кој не може да го купи и земе под своја команда за да му слугува на Заев и на СДСМ.

Десоросоизацијата започна и враќање назад од тоа нема.

Најчитани вести