Македонија

СДСМ ќе ја руши пола Македонија, ако дојде на власт?

СДСМ ќе ја руши пола Македонија, ако дојде на власт?

Досега од СДСМ имавме можност да слушнеме што се треба да се руши, а не што да се изгради во земјава. По ова се поставува прашањето: Дали кога ќе дојде на власт СДСМ ќе ја руши пола Македонија?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија јавно се обврзува, дека по победата на изборите во април оградата околу зградата на Владата ќе биде извадена. Овој простор повторно ќе им биде вратен на граѓаните, изјави денес на прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Шилегов: СДСМ јавно се обврзува, дека по победата на изборите оградата околу зградата на Владата ќе биде извадена
Шилегов: СДСМ јавно се обврзува, дека по победата на изборите оградата околу зградата на Владата ќе биде извадена

СДСМ ќе ја сруши пола Македонија, ако дојде на власт!

Инаку ова не е прв пат членови на СДСМ и блиски луѓе на опозицијата да излезат со изјава за рушење на споменици, згради, огради…

Јавноста сеуште ја памети колумната на екс-министерот и партиски функционер на СДСМ, Љубомир Фрчкоски во која тој најави дека ќе ги руши спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Операцијата ќе ја изведува полетна уметничка младина и ентузијазирани граѓани, организирани по принципот на вмровски тројки (од 19 век): три групи со француски клучеви во рака, со нив оди една група со шмиргл-шајбна и една тројка со апарат за заварување, напиша Фрчкоски во неговата колумна.

Тој повика на уривање на спомениците од проектот Скопје 2014. Текстот насловен како „Операција Француски клуч“, повика на уривање и дисолокација на спомениците и градбите.

operacija-francuski-kluch

Уметничкиот холокауст Скопје 2014 почнува да се деконструира со радост за тоа достојна, имено прво со собирање на грозморните скулптури од новата зграда на МНР и Мостот на уметностите со се четирите од Триумфалната капија“ – пишува Фрчковски во својата колумна. Операцијата Француски клуч мора да расчисти некои од најлошите споменици во Скопје 2014 кои како пранги не можат да бидат третирани никако поинаку, освен како суровина за вистинска уметност. Значи тие нема да се уништуваат или фрлаат туку ќе се третираат како основа за концептуален уметнички чин. Операцијата ќе ја изведува полетна уметничка младина и ентузијазирани граѓани, организирани по принципот на вмровски тројки (од 19 век): три групи со француски клучеви во рака, со нив оди една група со шмиргл-шајбна и една тројка со апарат за заварување, пишува Фрчковски во најновата колумна.

Toj предвиде дека тој процес на уривање ќе го следи како што вели „радосен восклик – Растурај тоа спомениците“.

Ѓунер Исмаил пак, јавно се закани дека со динамит ќе ги крене спомениците во градот Скопје.

Тој изјави дека Порта Македонија ќе ја доживее судбината на сите дивоградби, на прашањето дали ќе се случи минирање, Исмаил рече дека не гледа зошто тоа не би било така.

Инаку, покрај овие две скандалозни изјави, редовно во медиумите блиски до опозицијата и до СОРОС јавноста има можност да проследи текстови и написи кои што пред се се насочени кон уривање и деструкција. Уривање на споменици, уривање на градби, скандалозни изјави за градбите од проектот Скопје 2014-та.

Досега од СДСМ имавме можност да слушнеме што се треба да се руши, а не што да се изгради. По сето ова сосема нормално се поставува прашањето Дали кога ќе дојде на власт СДСМ ќе ја руши пола Македонија?