СДСМ сврте македонски полицајци да се тепаат меѓусебно

СДСМ во минатото ги конфронтираше припадниците на безбедносните сили со лавовите. СДСМ ќе се памети по единствениот случај  во кој што македонската полиција  ја принудија да впери оружје кон сопствените колеги, кои во месноста Стенковец си ги бараа своите права, пишува Курир.

„Полицијата и лавовите за малку ќе се запукаа“,”Лавовите” и полицајците се гледаа преку нишан кај Стенковец се дел од насловите на македонските весници кои можат да се најдат.

-Околу илјада припадници на единицата за брзи интервенции “Лавови”, незадоволни од статусот и неисполнувањето на нивните социјални барања, вчера околу десет часот го блокираа патниот правец Скопје – Блаце, во близина на базата Стенковец. Блокадата ја обезбедуваа неколку стотици полицајци од специјалниот состав на МВР кои беа поставени на само дваесетина метри од блокадата на лавовите и беа засилени со џипови и транспортери, а местото постојано го надлетуваа хеликоптери. Полицијата уште утрото се обидела да го запре излегувањето на лавовите од нивната база, блокирајќи им го главниот влез во базата. Меѓутоа, тие, со камиони и џипови, излегле од споредниот излез на базата и по споредни патишта успеале да стигнат до магистралниот пат и да го блокираат. Лавовите до единаесет часот не беа вооружени, освен нивните старешини кои носеа пиштоли. Меѓутоа, кога полицајците кои ја обезбедуваа блокадата се појавија со “калашникови” и пушкомитралези и на себе ставија панцири и заштитни шлемови, лавовите од камионите, со кои го блокираа патот, го извадија нивното оружје, вооружувајќи се до заби и оружјето го вперија во полицијата, пишуваше весникот Вест.

Од неколку началници од МВР тогаш на лавовите им било речено дека ќе се примени сила ако не го деблокираат патот.

-Лавовите ги гледаа полицајците преку нишаните неколку минути, по што полицијата се повлече на стотина метри од блокадата, а лавовите ги напуштија заземените борбени позиции. Неофицијално, МВР ги повикала и тигрите да се вклучат во растурањето на блокадата, но тие го одбиле тоа, пишуваше Вест.

Вооружувањето на полицајците МВР тогаш го објаснуваше како нормална законска активност со оглед на нивните податоци за оружјето со кое располагале лавовите.