СДСМ тврди дека нема демократија, а поседува 24 медиуми

СДСМ темата за слобода ја користи како оправдување да го покрие своето неуспешно делување, пишува Република.

СДСМ темите за недостаток на слобода, за диктатура и гушење на медиумите ги користи единствено да ја затскрије сопствената безидејност и неспособност да конкурира со здрава програма и издржани проекти. На тој начин најголемата опозициона партија се обидува да купи мир во своите редови и бара оправдување за лошите резултати. Фактичката состојба покажува дека СДСМ цврсто гази со медиумите кои ги има зад себе, анализира „Република“.

pportaliii

Плус Инфо е еден од порталите кои стојат зад опозиционата СДСМ. Порталот на Бранко Геровски, кој ја поддржува опозицијата во суштина здружение на граѓани – Здружение на граѓани за одбрана на слободата на говорот и на јавното изразување член 16, каде како основач се кавува и неговата сопруга Билјана. И раководителот на порталот Либертас, Ацо Кабранов, е заеднички основач со Геровски на Здружението на граѓани, кое во Марнет го регистрирало порталот Плус Инфо. Основачи на Здружението се брачниот пар Геровски, Бранислав и Билјана, Кабранов, заедно со уште седум други лица. Од завршните сметки се гледа дека Здружението член 16 на Кабранов и Геровски не е обично здружение, туку тоа за изминатата фискална 2012 година само по основ на донации има добиено повеќе од половина милион денари односно поточно 594.225 илјади денари и остварено приход 4, 144.472 денари, што е позавидна сума за едно обично здружение на граѓани. Во 2013 година Плусинфо од СОРОС добил 47.702 евра.

sorosss

Кабранов е раководител на проектот Либертас, регистриран на фирмата Друштво за издаваштво, маркетинг и продукција Глинка ДОО Скопје, чии основачи се Ацо Кабранов и Зоран Василевски Фаци. Ацо Кабранов е кум на Љубомир Фрчковски и нормално во редакцијата е вработена и кумашинката Лени Фрчковска, ќерка на Љубомир Фрчковски. Од СОРОС на сметка на Либертас во 2013 година легнале 26.686 евра.

Раководител на интернет порталот Бриф е Илин Николовски, син на пратеничката од коалицијата на СДСМ, Ленче Николовска. Инаку, Ленче Николовска, е поранешна новинарка во А1 телевизија каде беше одговорен уредник на земјоделската програма. Илин Николовски, кој има неполни 22 години е единствен основач и управител на фирмата Друштво за дигитални медиуми Бабински Дооел на која е регистриран сајтот. Паричниот влог за основање на фирмата е 5.100 евра, кој го дал Илин.

Сопственик на А1 ОН е поранешниот новинар во телевизијата А1,Предраг Петровиќ. Тој сајтот го регистрирал на Друштвото за дигитални медиуми Онлајн Медија Дооел Скопје, каде е единствен основач и сопственик со основна главнина од 326 илјади денари. За само една година, во 2013 година, овој портал на основ грант од СОРОС инкасирал 49.706 евра.

novatvnova

Нова ТВ е на некогашниот уредник во А1 Телевизија, Борјан Јовановски. Тој го основа порталот заедно со неговата колешка од А1 Телевизија, Билјана Секуловска, која се води како директор на фирмата, а Борјан Јовановски е главен уредник. Тука работат поранешните новинари на А1 – Сашка Цветковска, Менче Точи…

И фантомскиот сајт Sky.mk, e поддржувач на политиката на СДСМ. Тие од СОРОС минатата година добиле 18.183 евра.

Центар њуз е фантомски портал, каде нема уредник, нема сопственик, нема директор. Основан од сегашниот директор на Паркинзи Центар, Саша Богдановиќ. И Мактел е еден од оние портали кои имаат за задача да ја напаѓаат Владата, помагајќи и на СДСМ да одржи мир во своите редови барајќи ја вината за лошите резултати на СДСМ кај сите други, само не кај СДСМ. Сопственик на овој портал е Саше Ивановски Политико. За таа намена од СОРОС Ивановски во 2013 година добил над 2.000 евра. Инбокс 7, Фокус.мк ( 3.604 евра од СОРОС во 2013 година), Капитал, сајтот на Радио Канал 77 се критички насторени, а места каде може да се прочитаат ставовите на опозицијата се и Радио Слободна Европа како и Дојче Веле.

Пет дневни весника

Пет дневни весници се под директива на СДСМ. Тоа се Слободен печат, Вест, Утрински Весник, Нова Македонија и новоформираниот Политико.

Уредничкото место во Слободен печат го има Бранко Геровски кој и не крие дека отворено лобира за опозиционата СДСМ.Овој печатен медиум минатата година од СОРОС има добиено 60.000 евра.

На дневниот весник Вест уредник е Горан Михајловски кој редовно преку колумни ја критикува владата. На уредничката позиција наУтрински весник стои Соња Крамарска која беше ангажирана директно од поранешниот лидер на СДСМ и експретседател Бранко Црвенковски да ги пишува неговите мемоари.

Најновиот весник е Политико, за кој во јавноста има различни информации за тоа кој го финансира.
Во партиските кругови се зборува дека на Саше Ивановски – Политико му се направи меракот- лидерот на СДСМ, Зоран Заев му даде финансии за да направи весник. Се шпекулира дека „Политико“ е финансиран директно од Заев и фирми блиски до Заев.

Три телевизии

Во сферата на медиумите за блиски до СДСМ важат националните телевизии Телма и Алсат во чии емисии редовно се гости првенците на СДСМ. Тука е и Вести 24 која исто важи за блиска до СДСМ.

dvenedelii

Неделницикот Фокус е медиум кој директно ја подржува СДСМ. Овој медсиум работи под директива на опозицијата. Во 2013 година Фокус има добиено 36.507 евра од СОРОС. И економскиот неделник Капитал, зад кој стои Љупчо Зиков, лидерот на Граѓанска Алијанса на Македонија е медиум во кој може да се прочитаат ставовите и политиките на СДСМ.