четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 51

СДСМ удри по своите: од Бихачка наредена цензура на „Центарњуз“

rmeenski

Последни вести

Опозицискиот настроениот „Центарњуз“ објави текст за кој смета дека објективно ги следи случувањата во опозицијата и прави критички осврт на последните кадрови решенија во СДСМ за министерските позиции кои ги доби опозицијата.

Во текстот насловен како „ОДЛУКАТА НА РЕМЕНСКИ – ШКОЛСКИ ПРИМЕР ЗА ПАРТИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУЦИИТЕ“ напишан од „Центарњуз“ стои дека „одлуката на новата техничка министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски да постави партиски цензор кој ќе одлучува за одговорите за прашањата на граѓаните упатени до Министерството, претставува директен пример за партизација на институциите“, велат од „Центарњуз“.

Опозициското гласило пишува и дека „ова е досега невиден Мега скандал, со кој што СДСМ сака грубо да се замеша во животите на секој граѓанин“, пишува Курир.

Ставот на „Центарњуз“ околу одлуките на Ременски е дека „ова е чиста партизација на институциите, затоа што со оваа одлука на министерката, практично секое ваше прашање што ќе го упатите до надлежните стручни служби во министерството, ќе ви биде одговорено, но дури откако ќе помине низ филтерот на партијата СДСМ“ – стои во текстот на „Центарњуз“.

Меѓутоа, текстот после извесно време го снема од порталот, што го отвара прашањето дали СДСМ одлучила да интервенира и под притисок редакцијата на „Центарњуз“ била приморана да го отстрани текстот од својот портал.

cn

Сето ова се случува додека траат разговорите на кои се зборува за слободата на медиумите и слободата на уредувачката политика.

Но, за да не отиде во заборав храбриот обид на „Центарњуз“ и како поддршка на борбата за слобода на говор на колегите, покрај принт-скриновите од статијата на „Центарњуз“ кои ги „фативме“, истата може да ја прелистате благодарение на кеш-меморијата на Гугл, која често ги памети работите кои другите сакаат да ги заборават.

Најчитани вести