„Журнал“: ДНО… а на дното, остатокот од СДСМ

„Журнал“: ДНО… а на дното, остатокот од СДСМ

После последниот упад на активистка на СДСМ на прес-конференцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, јасно е дека опозицијата, освен што нема програма и конкретни решенија, нема ниту грам срам. Се жалат дека биле предмет на насилство, а тие отидоа да спречуваат јавен настан, организиран од страна на легитимни претставници на граѓаните и креваат тренспаренти, пишува порталот Журнал.

Дефинитивно СДСМ е во паника, шок и безсознание по безуспешните уцени, безефектните бомби и безнадежната иднина по сите самоуништувачки дејствија кои ги спроведуваат во континуитет. СДСМ е давеник кој на секој можен и неможен начин се обидува да спаси жива глава од живата песок во која е длабоко потоната. Но, колку повеќе прета, толку подлабоко пропаѓа и се заглавува во сопствените стапици.

По неуспешниот референдум за ГТЦ во општината во која се силеа дека се најсилни и дека можат да прават што ќе посакаат, народот им покажа дека нивните бомби не се ни петарди и дека целата таа помпа им удри во градите како бумеранг и ги срамни со земјата.

По овој шок, следуваа низа „пу-пу не важи“ преговори и договори од нивниот лидер Заев – Црпнатиот од Муртино кој поради немањето став и деградирањето на Македонија пред европските и светските дипломати, го доби прекарот „Пишман аџија“.

Капак на сè беше најновата анкета на јавното мислење спроведена од реномираниот републикански институт (ИРИ) во која граѓаните цврсто стојат зад владејачката ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски кои уживаат повеќе од двојно поголем рејтинг од опозициската СДСМ и три пати повеќе од нивниот лидер Заев.

По овие случки СДСМ е брод што тоне и кој што умните и разумните почнуваат да го напуштаат, а во кој остануваат само заблудените и платениците кои се обидуваат да ги исцицаат и последните финансиски средства и да лапнат некоја пара од „фирмата во стечај“.

Овие платеници, рекетари и соросоидни амали како што се психопатот Саше Ивановски – Политико, алкохолизираниот активист на СДСМ, Ѓуро Кешкец, и хистеричната миленичка на Заев, струмичанката Катерина Бабулова одработувајќи за СДСМ деновиве се обидуваат да привлечат внимание со перманентните упади во јавни настани во кои учествуваат министри и функционери од власта, каде со ниски и недолични провокации и навреди, дофрлаат и го попречуваат самиот настан со што на вулгарен начин сакаат да се наметнат во јавноста.

Но, тоа не поминува, народот оддамна ја сфати нивната мрачна игра и сценарио во кое сакаат да ја втурнат Македонија. Народот многупати им кажа НЕ, а следниот пат ќе биде дефинитивно збогум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.