СДСМ: Веќе нема пречки за комплетирање на Ад хок телото

СДСМ денес преку писмено соопштение го поздрави повлекувањето на Даут Даути од кандидатурата за петти член на Ад хок телото за мониторинг на медиуми за време на избори.

Со тоа, како што велат од најголемата опозициска партија, веќе не постои натамошна пречка, четворицата избрани членови да го изберат единствениот преостанат кандидат и да го комплетираат составот на телото.

Од СДСМ ги повикаа останатите членови да го направат тоа што поскоро, за да може Ад хок телото да почне со својата законски предвидена работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.