СДСМ, Венизелос и соросоидите на иста бранова должина

СДСМ и луѓето на Соросовата фондација освен за името ги засилуваат позициите на Грција и на други теми, Сето ова е на сметка на македонската страна во преговарачкито процес и ја става нашата земја во инфериорна позиција во однос на јужниот сосед, објавува Курир.

Тезите и ставовите на платениците на Соросовата фондација кои отворено кажуваат дека ја поддржуваат опозицијата, како и изјавите кои произлегуват од самиот СДСМ и раководството на најголемата опозициска партија им одат во прилог на грчките позиции во наметнатиот спор за името.

Ставовите на Бранко Героски, Ацо Кабранов, Владимир Милчин, Љубомир Фрчкоски, Сашо Ордановски, Борјан Јовановски, предводени од раководниот двоец на СДСМ Зоран Заев и Радмила Шекеринска, се покажува дека ја компромитираат државата преку спорот со соседна Грција, нарушувајќи ги позициите на сопствената земја.

Останува дилема дали истите овие луѓе свесно или несвесно ги подриваат македонските, а одработуваат за туѓи интереси, но фактите го потврдуваат тоа. Пример за антимакедонската позиција на дел од овие имиња е ипомпезната најава на весникот „Слободен печат“ од пред месец дена, дека до крајот на октомври медијаторот во грчко македонскиот спор за името ќе даде нов предлог при што беа наведени предлози според кои земјава би се нарекувала „Република Горна Македонија“, јазикот би се нарекувал како „македонски“, а народот како „граѓани на Горна Македонија“.

Героски иако знаеше дека нема нов предлог каков што беше објавен, сепак го пушти во оптек за да ја стави во тесно македонската страна. Директен демант стигна од медијаторот Метју Нимиц, кој беше дециден дека нов предлог нема, со што излегоа на виделина низата невистини и манипулации.

СДСМ на иста линија со Венизелос

Ваквите шпекулации за грчката страна се повеќе од добродојдени. Јасно е дека на Грците ова им се допаѓа и им одговара кога вака се шпекулира, затоа што тоа е дел од нивната игра дека нешто се случува, игра во која купуваат време. Дополнително, ставовите изнесени од Соросовите луѓе и СДСМ му даваат аргументи на грчкиот сосед да ги оправда своите тези на меѓународен план.

– Вистинскиот проблем на ФИРОМ е внатрешен и институционален. Проблем на демократијата и почитувањето на владеењето на правото. Во ниедна западна современа држава, демократска и правна, не постои официјална државна идеологија. Ова го потхранува иредентизмот и создава многу важни проблеми и меѓу ФИРОМ и Бугарија, ќе изјави во една прилика Евангелос Венизелос.

Шефот на грчката дипломатија алиби за ваквите тврдења наоѓа токму во ставовите искажани од страна на најголемата опозициска партија и луѓето на Соросовата фондација. Постојаното форсирање, критиките за загрозената демократија, слободата на медиумите, владеењето на правото, кои според аналитичарите опозицијата ги користи како аргументи за својата неспособност да дојде на власт и катастрофалните порази, во суштина се аргументи кои потоа ги користи Грција за засилување на своите позиции и насочување на притисокот на меѓународната заедница кон Македонија.

„Во Македонија не владее ниту правото, ниту Уставот и законите туку самоволието, насилството и ароганцијата на власта“. Ова е став на СДСМ изразен преку партиски сопштенија многу пати досега, став кој директно им оди во полза на Грција и на Венизелос во оправдувањето на своите аргументи.

-Наместо владеење на правото, денеска Македонија се споменува како држава со политички затвореници и селективна правда, вели потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска. И изјавите на првиот човек на опозицијата Зоран Заев, често одат во прилог на Грција и истите со голем интерес се проследени во грчките медиуми.

„Загрижен сум од загрозувањето на меѓуетничките односи во земјата“, „Силна опозиција поттикнува подобри односи со Бугарија“. Ова се ставови искажани токму од Зоран Заев, кои директно му одат во корист на Венизелос и неговата изјава дека “во ниедна западна современа држава, демократска и правна, не постои официјална државна идеологија. Ова го потхранува иредентизмот и создава многу важни проблеми и меѓу ФИРОМ и Бугарија“

Ставовите на луѓето на СОРОС ја засилуваат грчката позиција

Освен за името, ставовите искажани од луѓе кои гордо признаваат дека ја поддржуваат опозицијата ја засилуваат позицијата на Грција и на други теми кои јужниот сосед ги користи во нападот кон нашата земја, како владеење на правото, загрозување на демократија и слободата на медиумите. Нивните изјави го потврдуваат и докажуваат тоа.

-Имаме убиена демократијата. Истепани пратеници. Фалсификувани избори и парламент без опозиција. Имаме пораки за гасни комори за тие што не се Македонци. И пораки за смрт и изгон на „предавниците“, ќе напише во една прилика еден од најгласните поддржувачи на СДСМ, Бранко Героски.

Исто така тој додава и дека “политичките турбуленции, меѓуетничката криза и општата националистичка хистерија можат да доведат до влошување на односите со Албанија и со Бугарија“.

-Во Македонија владее правото масовно на цело село!, смета Борјан Јовановски. Уште еден отворен поддржувач на опозицијата. Ерол Ризаов пак, пишува дека „Нема демократија без ограничување на политичката власт. Само со владеење на правото може да се обезбеди контрола на власта и ефикасна заштита на граѓанинот и неговите слободи и права“

– Наше е да се избориме за алтернативни острови на слободата и’ да се обидуваме со борба да ги прошириме и споиме во КОПНО, континент на слободата. “Крв“ ќе има до колена во таа борба, смета Љубомир Фрчкоски. Меѓу неговите тези е и тоа дека „Скопје ги занемраил односите со Бугарија“, како и дека „Приказната за охридскиот договор во владата фукнционира како стар автомобил, само на туркање!“

Кон ставот дека во Македонија нема демократија се приклучува и уредничката на Фокус, Јадранка Костова, која пишува дека „во Македонија нема демократија, туку апартхејд“.

Грците задоволни, добиваат силни аргументи на своја страна

Јужниот сосед вешто ги користи овие наши домашни извори како алиби за одбрана своите аргументи во блокадата и уцените кон Македонија. Познавачите коментират дека ваквите ставови на раководните луѓе на СДСМ и луѓето на Фондацијата СОРОС е класично одработување за туѓи интереси, свесно или несвесно, и класично агентурско однесување.

Често пати, токму овие тези искажани од Бранко Героски, Радмила Шекеринска, Зоран Заев и останатите, истите тие ги користи грчката страна, Евангелос Венизелос и други грчки претставници. Ова е навистина многу чудна коинциденција, која некои ја нарекуваат и координација. Секогаш кога има средби за спорот за името, се појавуваат шпекулации, најчесто пласирани од Бранко Героски, за кои времето покажува дека се целосна лага, како што беше последниот случај.

Речиси секогаш кога има продолжување на преговорите кои се одивваат под капа на ОН, СДСМ и соросоидите почнуваат да ги форсираат ставовите за “загрозена демократија“, “неевропски вредности“, “непочитување на правото“’. Атина дури и да посака, не може да најде подобри одработувачи кои ќе ги зацврстат нејзините аргументи пред меѓународната заедница, од оние домашните кои Македонија ги има.

Токму поради ова, кога Бранко Героски пишува за Хелените во Скопје, најверојатно мисли на себеси и на останатите негови истомисленици, за кои нивните ставови покажуваат дека застапуваат антимакедонски позиции.