СДСМ ветува укинување на радиодифузната такса

Опозициската СДСМ ветува укинување на радиодифузната такса и финансирање на Македонската радио телевизија  директно од државниот Буџет.

– После 11-ти декември никој повеќе во Македонија нема да плаќа радиодифузна такса. Ставаме крај на притисоците, блокираните сметки и стресот од извршителите за неплатените сметки од радиодифузната такса, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

Власта, истакнува СДСМ, преку Управата за јавни приходи ги толерира милионските долгови на МТВ за неплатени даноци, а се заканува со присилна наплата на радиодифузна такса на 85.000 граѓани“.