СДСМ: Владата преку реформи ќе работи на создавање услови за независно судство

СДСМ во писмената реакција на прес-конференцијата на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Владата преку зацртаните реформи посветено ќе работи на создавање услови за независен и ефикасен правосуден систем.

– Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат независно, чесно и професионално судство. Токму затоа, една од клучните реформи ќе биде реизборот во судството, кое ќе се спроведува според познати европски пракси, далеку од влијанието на политичарите, се вели во реакцијата.

СДСМ истакнува дека Македонија мора да биде правна држава во која законите ќе важат за сите поеднакво и оти секој граѓанин ќе одговара за своите постапки пред неизвесен и непристрасен судски систем. Според СДСМ, единствено исплашено од правната држава е раководството на ВМРО-ДПМНЕ.