СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз правата на докторите и пациентите

Доколку навистина се грижеше за здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ ќе работеше на подобрување на статусот на докторите и ќе ги заштитеше правата на пациентите, реагираат од владејачкиот СДСМ на предлогот на најголемата пратеничка група во Собранието за носење закон за докторска дејност.

„Но наместо тоа, водејќи се исклучиво од коруптивни и бизнис интереси, ВМРО-ДПМНЕ изврши егзодус во здравствениот систем,

ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз достоинството и правата на докторите и здравствениот персонал. Поради тоа, годишно околу 200 доктори го напуштаа јавното здравство и заминуваа во странство или во приватниот сектор, со што здравствениот систем доживеа целосен крах. Затоа, денеска како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ нема право да провоцира со предлози кои веќе се дел од Програмата на новата Влада.

Новата Влада предоведна од СДСМ, ќе ги оствари сите дадени ветувања. Преку сериозен пристап, со вклученост на сите засеганати страни, до крајот на мандатот, ќе се оствари сето она што е зацртано во Програмата, вклучувајќи и повисоки плати на докторите и специјалистите, изградба на нови и реконструкција на постоечки болници и здравствени домови, како и воведување бесплатно болничко лекување“, се вели во реакцијата на СДСМ.