СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречува дебатите и реформите што носат квалитетен

Новата реформска Влада предводена од СДСМ со своето работење покажува како се работи во интерес и служба на граѓаните, наведува СДСМ во реакцијата на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„За само неколку денови од работата на новата реформска Влада, граѓаните веќе ги чувствуваат промените кои носат квалитетен живот за сите. Учениците, наставнците и родителите се ослбодени од стресот што им го предизвикуваше непотребното екстерно тестирање. Заврши времето кога без консултација на граѓаните, на засегнатите страни и широката граѓанска јавност се носеа вакви штетни и неквалитетни проекти“, се наведува во реакцијата на социјалдемократите на критиките од ВМРО-ДПМНЕ дека првите чекори на новата влада предводена од СДМС се укинување на проектите на досегашните влади.

 

Според СДСМ, спроведувањето на зацртаните реформи „ќе се одвива посветено, транспарентно и исклучиво во интерес на граѓаните, наместо избрзано, насилно и за криминални интереси, како што 11 години тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ“.

 

„Демократските процеси се движат напред кон враќање на правдата и правната држава, економска стабилност и напредок како и кон отворање на перспективите на земјата во ЕУ и НАТО интеграциите што ќе донесат квалитетен живот за сите граѓани на Македонија. Никој, ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречува дебатите и реформите што носат квалитетен живот за сите“, се наведува уште во реакцијата на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.