СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажниот патриoтизам на Груевски

Блокирајќи го Законот (за јазици) што тие го прифатија во надеж дека ќе формираат Влада, впрочем ги блокираат реформите со што го кочат развојот на Македонија, со тоа дејствуваат на директна штета на граѓаните и на државата, порачуваат од СДСМ како реакција на понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, опозицијата да поддржи реформски закони на партијата на премиерот Зоран Заев доколку се откаже од Законот за јазиците, кој го смета за неуставен, а на кој инсистираат албанските партии во Владата.

„Христијан Мицкоски продолжува да ги води истите политики што ги водеше неговиот претходник Никола Груевски, а коишто нанесувааат штета врз државните и интересите на граѓаните. Мицковски треба да смогне сили, вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ и да ги надмине политиките на поделби и омраза на неговиот претходник во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани“, се вели во соопштението на владејачката партија.

Социјалдеморкатите, исто така, повикуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да прифатат концепт на едно општество, а не „напразно„ да го споменуваат во јавноста и низ медумите.
„Без разлика на штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија станува модерна демократска држава и едно општество за сите граѓани“, се наведува во соопштението од СДСМ..