СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги презадолжи граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ призна дека за 11 години ги презадолжи граѓаните, а парите ги потроши на криминални тендери, скапи фасади и луксузи, реагира СДСМ на обвинувањата од опозицијата дека владата ја презадолжила државата.

„Владата предводена од СДСМ ги сервисира долговите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи, ги намалува, a парите од буџетот ги насочува за потребите на граѓаните, за повисока минимална плата, за укинување на радиодифузна такса, за воведување дневна евтина тарифа на струјата, за трајно решавање на статусот на стечајните работници, за субвенциониран годишен одмор“, се вели во реакцијата.