Граѓаните го прочитаа блефирањето на СДСМ кој во континуитет стравува од избори

Во својата емисија „Во Центар“, новинарот Васко Ефтов потенцира дека СДСМ во континуитет покажува страв од избори, односно прво упорно бара избори, за подоцна по секоја цена да бара нивно одлагање.

Граѓаните и аналитичарите го прочитаа ваквото блефирање од страна на СДСМ.

– Зошто во клучни политички моменти СДСМ во два наврати покажува одреден политички дефетизам или страв од можни избори тоа се случи 2011 година, тоа се случи сега со изборите на 24 Април. 2011 година СДСМ доста офанзивно влезе во барањето да има избори или предвремени избори во рамки на Р.М. и подоцна еден, до еден и пол месец  влезе во еден политички дефетизам кога го повлече од функцијата претседател на ДИК  Александар Новаковски. Со слични политички постапки сега се закануваше СДСМ, ако не бидат пролонгирани изборите на 24 Април, дека ќе ги повлече сите свои Министри од Владата на Техничкиот Премиер, всушност во такви клучни моменти СДСМ покажувајки можен политички дефетизам како да ги одбива гласаачите да гласаат за нив, вели Ефтов.

Ако се погледне наназад како резултирало ваквото пазарење на СДСМ , ќе се воочи дека секогаш на крај резултатот е ист-пораз на СДСМ, за потоа да не се признава таквиот резултат со креирање на кризи и на политички и на економски план, во надеж дека на некој обиколен начин би влегле во Владата.