Македонија

СДСМ во одбрана на Петрески кој ги задолжи oхриѓани 50 милиони евра

СДСМ во одбрана на Петрески кој ги задолжи oхриѓани 50 милиони евра

СДСМ преку прес-конференцијата одржана денеска во Охрид застана во одбрана на поранешниот градоначалник Ацо Петрески, кој ја задолжи општината и јавните претпријатија со над 50 милиони евра.

Иако беше убедлива победата на актуелниот градионачалник Никола Бакрачески уште во првиот круг од локалните избори сепак СДСМ започна со одбрана на криминалите на Петрески. Охриѓани јасно им покажаа на СДСМ и Петрески дека не заслужуваат да бидат на власт. Во Охрид победата на ВМРО-ДПМНЕ беше изразена во околу 8 илјади гласови разлика, односно со скоро двојна разлика.

Општина Охрид со долг од точно 33.409.836 евра е, веројатно, најзадолжената општина на Балканот. Локалната власт тешко се справува со долгови кои достигнуваат висина од неколку годишни буџети, со блокирана сметка, секојдневни извршни судски решенија и високи камати. Кога на сето тоа ќе се додадат уште и долговите на јавните претпријатија, вкупната сума надминува 50 милиони евра.

Врховниот суд на Македонија му впиша нов долг од 1,5 милион евра на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ од Охрид, кое и така се дави во загуби од десетици милиони евра. Долгот е последица на нестручното и неодговорно работење на поранешното раководство поставено од СДСМ.

Буџетот на Општината вкупно е оштетен за околу 50 милиони евра во периодот додека Петрески беше на чело на оваа локална самоуправа.