СДСМ вон контола, во борбата за превласт насилството и станува главно оружје

,,Здраво Горазд…Јове го истепаа двајца од СДСМ…има скршени три ребра, левата рака и повредено му е окото. Го задржаа на клиника и ми рече да ти кажам.”, објави на својот Фејсбук профил академикот Горазд Росоклија, светски признаен научник во областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата.

sdsm-nasilstvo640-640x655

Јове има 68 години, ги водеше сите македонски алпинистички експедиции на сите врвови на светот заклучно со Мт. Еверест кога ни загина Димитар Илиевски ,,Мурато”. Во моментов ми течат солзи и немам зборови но солзите ќе пресушат….

Јове седел во Гурман и разговарал за кризата во Македонија со газдата на Гурман и со еден другар. На соседната маса седеле двајца кои му се заканиле затоа што за кризата го обвинува СДСМ. Јове тргнал дома, од Гурман кон Буњаковец преку Капиштец. Во темниот простор кај Капиштец го стигнле и го пребиле, како што вика не мислејќи дали ќе го убијат. Подолу го пренесов текстот што ми го прати едно девојче кое присуствувало на тепањето. Било грозно. Тоа е за сега. Утре ќе зборувам со него поопширно.
ПС: Од напишаново, паметните ќе заклучат до што води создадената атмосфера во земјата. Глупавите ќе заклучат дека напишаново, а не постапките, создава немири, пишува Росоклија.

Соочени со десеттиот изборен пораз по ред, ескалира нервозата кај СДСМ и нивните поддржувачи, кои почнаа да се служат и со насилство поради тоа што немаат поддршка од мнозинството граѓани.

gorazd-1