СДСМ врши жестоки притисоци на „Телма“ телевизија, се жали директорот

Tелевизија „Телма“ важи за отворен поддржувач на опозицијата и СДСМ во чии емисиии и студија најчесто гостуваат токму луѓето од раководството на СДСМ. Очигледно според кажувањата на директорот на „Телма“ и нејзин главен уредник Атанас Кировски, притисоците и мешањата во уредувачката политика станале неиздржливи и преголеми, пренесува порталот „Курир“.

Во најновата колумна, Кировски загатнува дел од деталите, каде вели дека притисокот бил особено видлив кога „Телма“ известувала за митингот на власта.

– Притисокот беше особено видлив врз Телма кога известуваше за митингот на власта, закажан ден после протестите на опозицијата, пишува Кировски.

Директорот на Телма сведочи за тоа дека имало укажувања и притисоци од СДСМ воопшто да не се пренесува граѓанскиот собир на ВМРО-ДПМНЕ или пак да се занемари веста и да се третира подоле во вестите.

-Kај опозициските симпатизери доминираше тезата дека Телма или не би требало да известува за овој митинг, или барем да го минимизира и стави во контекст на принуда, бесмисла и миење мозок, да нема еднаков аршин на известување за двата настана, едниот пред влада, а другиот пред Собрание, пишува Кировски.

Како што пишува „Курир“ ваквите притисоци говорат за нервозата на СДСМ, покажувајќи слабост и страв од над 90-те илјади граѓани кои се собраа да дадат поддршка за силна Македонија,

Инаку „Телма“ е телевизијата која дословно  или во најголем дел ги емитуваше сите прес конференции на Заев поврзани со политичките бомби, а со тоа станува очигледно дека притисоците кои ги прави СДСМ се огромни, а тоа говори и за недостаток на демократски капацитет.

СДСМ од една страна  се прикажува како лажен борец за слобода за медиуми, а од друга страна врши жестоци притисоци и го контролира уредништвото на телевизиите.  За пред јавност Заев изјавува дека најдрагоценото нешто е слободата, а всушност тие се првите кои ја загрозуваат.

Дека СДСМ едно говори, а друго прави покажува и неодамнешната цензура на емисијата на Васко Ефтов на Ал Сат телевизија, чиј главен уредник Мухамед Зекири настапува рамо до рамо со Заев на партиски трибини. Цензурата и прекинот на соработката со Ефтов дојде откако тој даде неколку изјави со кои ја критикуваше СДСМ.

На тапет од СДСМ се најдоа и новинарите кои инаку важат за блиски до опозицијата Душица Мрѓа, Боби Христов од Телма и Гоце Михајловски кои водеа интервју со Заев. Некои од нив добиваа и закани зошто нормалните прашања кои му ги поставуваа на лидерот на опозицијата Заев во врска со актуелните случувања  беа оценети како неадекватни.

Дополнително, СДСМ преку финансиите на СОРОС контролира завиден број на портали, телевизии и весници. Упатените укажуваат штом СДСМ прави вакви притисоци во Телма, може само да се замисли што се прави во другите останати медиуми.