вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 55

СДСМ: За живот во мувла и влага плаќаат студентите во „Стив Наумов“

Нашите политики гарантираат студентски стандард и достоинство. Студентите заслужуваат реконструирани студентски домови и еднакви шанси за вработување, посочуваат од СДСМ.

sdsm

Последни вести

Влага, мувла, руинирани соби и тоалети. Ова е “посветеноста” на ВМРО-ДПМНЕ и на Министерството за образование и наука кон младите луѓе во Македонија, обвинуваат од СДСМ.

Во продолжение соопштението од СДСМ:

Во овие ли тоалети Груевски и неговите соработници ќе поставуваат машини за перење и сушење?

Не се перат со ништо 10-годишните стиропор политики преку коишто власта на Груевски краде и се богати, ниту се пере фактот дека оваа неодговорна власт ги стави студентите во мизерни услови, со огромни трошоци.

Трошоците за живот на еден студент се поголеми од една плата и тој факт го потврдија и партнерите Лутфиу и Ристовски на чело на Министерството за образование.

Минималната месечна плата изнесува 10.080 денари додека месечните трошоци за студент сместен во дом се најмалку 10.277 денари. Трошоците на студент кој не е примен во студентски дом се над 20.000 денари.

Нашите политики гарантираат студентски стандард и достоинство. Студентите заслужуваат реконструирани студентски домови и еднакви шанси за вработување. Од ова нема отстапки!

sdsm

 

 

 

Најчитани вести