СДСМ и Заев уште не можат да се помират со изборните резултати

Од СДСМ повторно пуштаат соопштенија во кои по навика „сервираат“ лаги. Овој пат сервираат лаги како „новогодишна трпеза“ на македонските граѓани.

Ветуваат дека ќе даруваат живот, истиот СДСМ кој на улица остави стотици семејства за време на мрачната транзиција.

Ветувањата доаѓаат од партија чиј лидер изјави дека кога ќе дојде на власт ќе јаде живи луѓе и ќе избрка од работа од хигиеничар до министер во секој ресор на државата.

Ветуваат покачување на плати, исто како што ветија и излажаа дека ќе вработат по еден член на семејството. Истиот тој СДСМ, чиј лидер Зоран Заев на своите вработени им дава минимална плата, па и помалку од тоа.

Ги лажеше струмичани дека ќе им донесе инвеститори, а она што им донесе е само пуста индустриска зона, каде што единствено нешто што расте е трева, наместо нови градби, нови работни места, наместо преку нови инвестиции да растат платите и стандардот на струмичани.

Ветуваат дека ќе покачуваат пензии, а кога беа на власт и имаа шанса тоа да го направат, го направија токму спротивното-ги намалија пензиите.

Подобар живот за СДСМ е еквивалент на „подобар живот со лаги за македонските граѓани“.

sdsm1

Народот е научен дека се што СДСМ нудело низ историјата, која кај нив постојано се повторува се лаги. Токму затоа народот ги казнува со пораз на изборите, со кои резултати СДСМ и Заев не можат да се помират.

Нудејќи лаги и самите живеат во лага. Па затоа и народот се прашува: Има ли некој храбар во СДСМ да им каже дека народот ги порази?