среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 7

СДСМ и Заев во очај удрија по штабовите на ВМРО-ДПМНЕ

iskrsen-stab

Последни вести

Непознати лица синоќа ги искршиле прозорците на партиското седиште.

Ова е втор случај на уништување на прозорци и инвентар на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци , откако пред точно една недела исто така беа демолирани партиските простории.

На денешната прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци со став,  дека ова е само показател на нервозата и паниката што владе кај СДСМ.

Полицијата го регистрирала случајот. Во билтенот на МВР стои дека синоќа околу 23 часот извршено е оштетување на штабот на политичката партија ВМРО ДПМНЕ .

kav-2

Увидна екипа од ПС Кавадарци излегла на местото на настанот и се превземаат мерки за негово расветлување .

Од ВМРО ДПМНЕ очекуваат што поскоро да се најдат сторителите на вандализмот од синоќа и од пред точно една недела.

Инаку деновиве и во Струмица беше уништуван промотивниот политички материјал на ВМРО ДПМНЕ.

Покрај оштетувањето на банер , материјална штета беше предизвикана и на околните дуќани кои се во приватна сопственост.

Од полицијата велат дека се превземаат мерки за расветлување на сите три настани, пренесува Канал 5.

Најчитани вести