СДСМ: Започнат е процесот на ослободување на институциите што ВМРО-ДПМНЕ ги партизираше и злоупотребуваше

Заврши времето на партизирани и заробени институции коишто наместо во служба на граѓаните, работеа во служба на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски , реагираат од СДСМ.

„Согласно реформскиот План 3-6-9 на Владата предводена од СДСМ, започнат е процесот на ослободување и професионализација на институциите заробени и злоупотребувани од страна ВМРО-ДПМНЕ. Таквиот процес ќе продолжи и по локалните избори кога ќе се ослободат и институциите на локално ниво.

Реформите во администрацијата гарантираат вистински професионален, слободен и независен сервис на граѓаните и државни институции што ќе работат во интерес на граѓаните и државата, наместо во интерес на политичарите и партии како што правеа ВМРО-ДМНЕ и Груевски“, се наведува во соопштението.