СДСМ злоупотребува деца во политички цели (ВИДЕО)

„Нема правда, нема мир“ – ова го скандираа дечиња на 10-годишна возраст на вчерашниот протест за соодветно сообраќајно решение кај училиштето „Тихомир Милошевски“ во Скопје, пишува „Курир“.

И додека правото на протест е демократско право на секој граѓанин во Република Македонија, скандалозно е мали дечиња да бидат злоупотребувани во политички цели од повозрасните, макар тоа биле и нивните родители членови и активисти на СДСМ.

Освен што на деца од 10-години местото не им е на протест туку во училниците, а протестот треба да го прават нивните родители / старатели, срамна и шокантна е вмешаноста на СДСМ во овој протестен собир на кој се злоупотребени најмладите, а е снимен само од камерите на Телма телевизија што дополнително потврдува дека се работи за „акција“ координирана од Бихаќка.