„Курир“: СДСМ и Зоран Заев спремаат насилство

Најголемата опозициска партија СДСМ, преку платеничката револуција на соросовата платеничка банда подготвува радикализација на протестите и насилство на улиците, откако не им успеа планот за преземање на власта без избори и без почитување на волјата на народот. Таканаречените шарени револуционери речиси секојдневно заговараат некакво радикализирање на протестите и за тоа насилно сценарио да го спроведат  ја повикуваат опозицијата предводена од СДСМ, пишува „Курир“.

Порталот пишува дека последните информации говорат дека во опозициските редови веќе на големо се подготвуваат  за вакво сценарио и за тоа веќе имале план како да го спроведат и на тој начин за кратко време да ја рушат легитимно избраната Влада.

„Курир“ потсетува дека медиумите веќе пишуваа дека ваквиот план го спроведува групација на домашни и на странски „идеалисти“ и платеници, засилени со криминалното подземје, затскривајќи се зад опозицијата во нејзината безидејност и тотален колапс на идентитетот.

Таканаречени активисти од левицата, како Мариглен Демири, јавно повикуваа „багеристи“ уште на 13 април, притоа со снимки од Киев каде што со багер се пробива полициски кордон. Мирјана Најчевска, пак, повикува на „партизански активности“ и на блокирање на работата на сите државни институции, пишува порталот.

Пред само неколку дена, професорот хулиган Гордан Калајџиев јавно се закани дека ќе паднеле и жртви.

Ќе продолжиме да маршираме до победа. Се молиме да нема жртви, ни се смеат на ова хипи, со шарена револуција, но нека сфатат дека е тоа предупредување, ако треба ќе паднат и жртви, рече Калајџиев.

Следејќи го развојот на кризата, притисокот за бегство од избори, заложништвото на СДСМ кај чадорот, кај Канвас, Сорос, радикалите од сите страни, странските платеници и идеалисти, нивното дејствување на социјалните мрежи, но и досегашните активности на теренот – иконографијата, насилните провокации кон полицијата и целиот увезен украински фолклор, денот на „молотови коктели“ и на багери кои итаат кон институциите воопшто не е далеку.

Насилство место програма е веќе добро познато сценарио на СДСМ и Зоран Заев. Ра­ди­ка­ли­за­ци­ја­та не е но­ва кар­та на Со­ро­со­ва­та опо­зи­ци­ја, гра­ѓа­ни­те ја тр­пат уште од по­че­то­кот на 2013 го­ди­на. Не­ма раз­ли­ка ни­ту во од­не­су­ва­ње­то на т.н. твор­ци на јав­но мне­ние, чи­ја­што ма­ри­о­нет­ска уло­га им е по­ми­ла од оп­штес­тве­на­та, па за­бо­ра­ва­ат де­ка на нив­на ду­ша ќе се пре­пи­ше до­кол­ку се слу­чи не­што од тоа на што по­ви­ку­ва­ат.

Но, игра­та со ра­ди­ка­ли­за­ци­ја не е ни­ту но­ва ни­ту не­поз­на­та за СДСМ, опо­зи­ци­ја­та и за Со­рос. И се­ко­гаш со исти ба­ра­ња „за сло­бо­да и за де­мо­кра­ти­ја“, но не со про­гра­ма, ту­ку пре­ку го­вор на омра­за и ши­ре­ње ла­ги кои единс­тве­но но­сат зло. Ра­ди­ка­ли­за­ци­ја­та е во игра уште од 2013 го­ди­на ко­га СДСМ го бло­ки­ра­ше со­о­бра­ќа­јот на кр­стос­ни­ци­те во Скоп­је и ба­ра­ше „тр­пе­ние и раз­би­ра­ње од гра­ѓа­ни­те на Скоп­је за бло­ка­ди­те“ за­што тоа го пра­вел „за вра­ќа­ње на де­мо­кра­ти­ја­та“. И то­гаш има­ше ли­дер­ски сред­би, и то­гаш СДСМ бе­га­ше од из­бо­ри. Ни­ту то­гаш ра­ди­ка­ли­за­ци­ја­та го спа­си СДСМ на из­бо­ри ни­ту, пак, се­га ќе го спа­си.