СДСМ: Груевски нека го повика Иванов да ги поништи сите одлуки за помилување

 

Откако Македонија се крена на нозе во одбрана на уставниот поредок, државноста и законите, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од одговорноста за антидржавната одлука на Ѓорге Иванов со којашто го прекрши уставот и законот за да го заштити Никола Груевски и злосторничкото здружение, обвинува СДСМ.

Граѓаните знаат дека Никола Груевски, креаторот на длабоката државна криза во земјава, е нарачателот на одлуката на Ѓорге Иванов.

Кризата во Македонија ја создаде токму криминалната банда којашто не само што ги крадела парите на граѓаните туку и нивните гласови преку криминален избирачки список и бројни злоупотреби.

ВМРО-ДПМНЕ не може да ги лаже граѓаните.

Бидејќи Иванов и Груевски се тим, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нека го повикаат Иванов да ги поништи, односно да ги отповика сите одлуки за помилување. Идентично како што ја поништи аболицијата за Ламбе Арнаудов, поради „техничка грешка“, се вели во соопштението на СДСМ.