Се активираше синиот телефон: „Ало Телма, Бихаќка повикува, линчувајте го Владо Јовановски“

јовановски

За Телма загрижената констатација на Јовановски дека постои ризик од војна во Македонија, одеднаш како по директива од плавиот телефон од Бихаќка стана „повик за војна“ и „говор на омраза“.

Хајката ја почна уредникот на Телма Атанас Кировски на неговиот фејсбук профил, кој статусот на големиот актер за кој пријателите и колегите едногласно сведочат дека се работи за питом и емотивен патриот, го протолкува како „повик на војна“, што е апсурдно и трагикомично.

saki kirovski

Во денешниот прилог на Телма во кој Јовановски беше линчуван и набедуван дека повикува на војна, дури и му беше упатена закана од продуцентот на серијата „Преспав“ која се емитува на Телма, дека нема да биде ангажиран во втората сезона иако е феноменален актер, поради неговиот статус кој за ова гласило на СДСМ не е загрижен коментар, туку „повик на војна и говор на омраза“.

Интересно е што ниту Телма ниту продуцентот на „Преспав“ кој е истовремено и продуцент на детската серија „Петко“ не се оградија од изјавите на Ивана Павлаковиќ, актерка во серијата која минатата година, додека серијата се емитуваше на Телма, на социјалните мрежи пишуваше погрдни зборови за членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, заканувајќи им се дека „ќе ја запамтат оваа пролет“. Тогаш тоа не беше говор на омраза.

pavlakovikj

Не беше говор на омраза и повик за насилство ни изјавата на Симона Спировска, актерка од шарената револуција честопати јавно поддржувана од Ивана Павлаковиќ, која се закануваше со смрт со бесење и читаше ултиматуми во кои се закануваше дека платеничките револуционери на СДСМ и Сорос ќе ја земеле правдата во свои раце.

pavlakovikj spirovska

Говор на омраза за Телма не беше ниту статусот на истата „нивна“ актерка од која не се оградија, исто како и продуцентот на „Петко“, кога посакуваше гниење по затвори на политичката опција која не и е омилена.

pavlakovikj 2

За Телма не беше ни насилство шамарот кој му беше удрен на скопскиот урбан лик Крис од страна на еден шарен вандал, а Телма не го пренесе во своите информативни гласила, мислејќи дека никој не го снимил и нема да се дознае.

Чест гостин на Телма е и Петре Шилегов од кого исто така Кировски и телевизијата не се оградуваат за говорот на омраза дека полицајците кои загинаа на 9-ти мај во Диво Насеље играле камај.

шилегов камај

Телма никогаш не се оградила ниту од професорот Грчев кој во своите колумни шири говор на омраза и насилство во изобилие.

„Ако ги запалиме бараките на Град Скопје и зградата на Владата – симболично одговорните топоси за ова злосторничко уништување на нашите животи, интегритет и достоинство – и ги „обработиме“ со градежна механизација, со булдожери и багери, Спомениците на Злото од „Скопје 2014“, е тогаш бидете сигурни дека тие скотови ќе ја сфатат пораката“, стои во една од колумните на Грчев.

Телма како награда за ваквиот говор го повикува во емисии на кои не само што не се оградува, туку и му дава простор да повикува на говор на омраза и насилство:

„Јас сум за говорот на омраза, и сум против политичката коректност.“, вели Грчев среде Телма, а водителката на Топ Тема се согласува со него. Немаше оградување ниту од Кировски, ниту од Телма.

Но затоа, кога Владо Јовановски како човек кој не ги поддржува политиките на партнерите на Телма ќе напише статус во кој искажува загриженост за случувањата во Македонија на емотивен начин, тогаш се активира плавиот телефон од Бихаќка, пристигнуваат нарачките од СДСМ за Телма и јавниот линч на политичките неистомисленици може да почне.

Ваквиот начин на делување на СДСМ и нивните медиумски и интернет експоненти е досега виден неброено многу пати. Но сега, реакцијата на јавноста на ваквиот линч кој го спроведуваат Телма и СДСМ е жестока во одбрана на големиот актер Јовановски.

За граѓаните, овој атак е дело на „Трулежот на сдсмовските и соросови платеници“ кон својот поталентиран колега. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.