Се анализира состојбата во пензискиот систем

систем

Работната група, како што информираат од МТСП, за две недели ќе излезе со анализа за воочени состојби кај категории на осигуреници кои се доброволни членови кои во моментот на зачленување имале над 40 години возраст и повеќе од пет години пензиски стаж, членови евидентирани како прво вработување по 1 јануари 2003 година, а имале стаж и претходно, членови кои го смениле статусот на осигуреници од работник во полицаец и обратно и лица кои не се опфатени со членување, а инсистираат да се зачленат.

Заклучно со 31 декември 2016 година во вториот пензиски столб има 427.025 членови со средства од околу 781 милион евра или 48 милијарди денари, додека во третиот пензиски столб членуваат околу 23.000 лица со средства од околу 16 милиони евра или 996 милиони денари.

Од МТСП информираат дека, просечна возраст на осигурениците во вториот столб е 34 години, а досега само 34 осигуреници од него се пензионирани.

Од започнувањето на имплементацијата на вториот столб, информираат од МТСП, во 2007 година е направена анализа и утврдено дека за некои осигуреници кои доброволно се зачлениле во вториот столб не е поволно да бидат во него имајќи ја предвид нивната возраст и стаж, а од МАПАС биле контактирани со цел да им се укаже дека нивното членство во вториот столб не е во нивен интерес и уште еднаш да ја разгледаат нивната одлука. Но, и покрај сите преземени мерки, како што посочија од МТСП,  постојат осигуреници, особено во повозрасна возраст, чие зачленување во вториот пензиски столб не е во нивни интерес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.