Балкан

Се апсат српски функционери, први на мета директорите на Николиќ и Дачиќ

Се апсат српски функционери, први на мета директорите на Николиќ и Дачиќ

Членот на Главниот одбор на СНС и генерален директор на рудникот „Ресавица“, Владан Милошевиќ (39) е уапсен вчера во Белград, додека во Ниш лисици му биле ставени на поранешниот директор на „Југоисток“, Игор Новаковиќ (45), шеф на нишките социјалисти.

Полицијата во акцијата за сузбивање на криминалот и корупцијата уапскила повеќе лица кои припаѓаат на различни политички опции како Српската напред странка, Демократската партија и Социјалистичката партија на Србија, пишува спрски Курир.