четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 16

Се асфалтира и последната оштетена улица од поплавите во Инџиково

Од вкупно пет оштетени улици во оваа населено место, четири се веќе обновени, а уште една е при крај со реконструкција.

asfaltiranje

Поврзани вести

Градоначалниците на Град Скопје и Општина Гази Баба денеска извршија увид во градежните работи за асфалтирање на оштетените улици во населеното место Инџиково, едно од најпогодените подрачја од поплавите лани.

Од вкупно пет оштетени улици во оваа населено место, четири се веќе обновени, а уште една е при крај со реконструкција.

Лани се санираа 50 улици оштетени од поплавите, до крајот на годината во план се уште 80, за што се издвоени средства во висина од 2 ипол милион евра – информираат од Град Скопје.

 

koce

Градот Скопје, со одлука на Советот на Град Скопје, минатата година додели 150 милиони денари, или 2,5 милиони евра за санација на оштетената инфраструктура во сите населени места кои претрпеа штети за време на поплавите минатиот август. Минатата година започнавме со реконструкција на улиците во населените места Синѓелиќ и Стајковци, а со подобрувањето на временските услови оваа година продолжуваме со асфалтирање на преостанатите улици. Деновиве во населеното место Инџиково се асфалтираат 5 улици, кои се краци на улица „2“. Задоволен сум од интензитетот со кои продолживме со активностите за асфалтирање на овие улици, кои ги правиме со соработка со Општина Гази Баба и Владата на Република Македонија, кажа градоначалникот Трајановски.

Петте улици коишто деновиве се реконструираат во населеното место Инџиково се со различна должина, од 150 до 250 метри, а нивната вкупна должина изнесува околу 1.000 метри.

asfaltiranje

– Продолжуваме со активностите за санација на патната инфраструктура во Гази Баба во местата кои беа зафатени со елементарната непогода. Минатата година успеавме да асфалтираме повеќе од 50 улици, додека за оваа година планираме да асфалтираме 80 улици. Покрај овие пет улици, ние работиме паралелно на санација на улицата број „10“ во должина од околу 700 метри, а започнавме и со санацијата на улица број „12“, која е во должина од околу 1.000 метри. Пред неколку денови ја завршивме втората фаза од улицата „Антон Велковски“ во н. Стајковци,а во соработка со Градот Скопје интензивно се работи и на целосна реконструкција на ул. „Алија Авдовиќ“ во Синѓелиќ, кажа градоначалникот на Гази Баба Трајковски.

Најчитани вести