Македонија

Се асфалтира во Драгош

Се асфалтира во Драгош

Со асфалтирање на патот во Дргош се затвора проектот на Европска банка кој што општина Битиола го работеше во изминатите години.Денеска се асфалтираа 1700 метри со цел подобрување на патната инфраструктура

„ Во Драгош во тек е корекција на патната инфраструктура поврзување на патот од селото со главниот пат. Се асфалтираа 1700 метри а на барање на мештаните се надеваме дека од агенцијата ќе ни овозможат корекција на патиштата од околу 450 метри“, изјави Владимир Талески, градоначалник на општина Битола

Овај пат бил од големо значење за жителите

„ Ние во руралните подрачја со асфалтирање на овој пат ќе добиеме поквалитетен живот“, изјави Стевче Димовски, претседател на МЗ Драгош

Ако се стигне во оваа градежна сезона ќе се завршат уште неколку инфраструктурни интервенции, додава Талески

„ Овде треба да се направи интервенција и на мостот, ако стигнеме ќе го завршиме оваа градежна сезона, ако не со средства од буџетот тоа ќе го направиме наредната градежна сезона . Се надевам дека ќе го поправиме и патот кој што води до црквата, изјави д-р Владимир Талески градоначалник на општина Битола.

Талевски со најава дека останале уште четири патни правци кои треба да ги завршат а се прокти со светска банка.