Се асфалтираат нови улици во гробиштата „Бутел“ и „Камник“

Се асфалтираат нови улици во гробиштата „Бутел“ и „Камник“
Се асфалтираат нови улици во гробиштата „Бутел“ и „Камник“

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве асфалтираат нови улици во гробиштата „Бутел“ и „Камник“, на вкупна површина од 3.000 квадратни метри. За овој зафат Градот Скопје ќе вложи околу 3,5 милиони денари.

Од 2012 година досега Градот Скопје на градските гробишта има асфалтирано улици со вкупна површина од 12.000 квадратни метри.

За потсетување, во изминатиов период беше изградена атмосферска канализација за извлекување на атмосферските води од гробиштата во Бутел во должина од околу два километри, со бекатон-плочки е поплочено платото кај споменикот на борците од НОВ, целосно се заградени гробиштата во Камник, а заедно со А.Д „Бутел“ се врши и реконструкција на постојната ограда на гробиштата во Бутел која на места е многу оштетена.

Asfaltirani unici Kamnik i Butel maj 2016 (1)

Градот Скопје и во наредниот период ќе ги продолжи активностите за уредување на трите локации на градските гробишта, односно на Градските гробишта во Бутел, на Градските гробишта во Ѓорче Петров и на Градските гробишта во Камник.