Се асфалтират улици во Виница, дел од проектот за атмосферска канализација

Почна асфалтирањето на улиците „Илинденска“ и „Браќа Миладинови“ во општина Виница, со што се заокружува проектот за изградба на атмосферска канализација во тој дел од градот, пренесува МИА.

-Се асфалтираат 1.000 метри од овие две улици, со што се канализира дел од атмосферската вода која се слеваше низ овие две улици. Следува канализирање на атмосферската вода и на улицата „Никола Карев“, како и поставување на решетки на улицата покрај Градечка река, изјави градоначалник на општина Виница, Емил Дончев.

Вредноста на овој комунален зафат во Виница изнесува 24 милиони денари, средства одбезбедени од Буџетот на локалната самоупрва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.