Се бара фирма за реконструкција на 10 железнички станици

Се бараат компании за рехабилитација, надградба и реконструкција на 10 железничките станици во Македонија долж коридор 10.

Заинтересираните компании кои ќе се јават на огласот кој е објавен на интернет страната на Европската комисија, ќе треба да дадат понуди за рехабилитација, надградба или реконструкција на железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар.

Според најавеното, се планира реновирање и надоградба на сите главни елементи на железничките станици, како што се водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, санитариите, инсталација на системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт (јавен и индивидуален).

Реконструкцијата ќе се врши согласно најдобрите практити во Европската Унија.

Заинтересираните компании за реализирање на овој проект можат да ги достава понудите до 30 септември до 12 часот.