Магазин

Се бара газда за островот на духовите

Се бара газда за островот на духовите

Озлогласениот остров во венецијанската лагуна и едно од најстрашните места на планетата се продава. Италијанската влада одлучи да го продаде островот Повеглиа, познат и како островот на духови,  за да го подмири растечкиот јавен долг.

Повеглиа својата злокобна репутација ја стекна благодарение на јамите во кои Италијанците во времето на епидемијата на Црната смрт, односно чумата, фрлале трупови. Таму ги закопувале, палеле или ги оставале да скапуваат. Неколку векови подоцна, болен лекар на островот изградил болница за ментално болни лица каде ги мачел и врз нив практикувал лоботомија.

Како што вели легендата, лекарот го прогонувале духови, поради што на крајот полудел и се фрлил од болничката кула. Денеска островот е ненаселен, а на посетителите не им е дозволен пристап, иако урнатините од болницата, црквата и крематориумот се уште постојат.

Истражувачите на паранормални појави тврдат дека на островот е забележано исклучитело високо ниво на активност. Најпозната жртва на чумата била Малата Марија, која во време на епидемијата била одвоена од родителите, а нејзиниот дух, наводно и ден денеска стои на брегот на островот и плаче за родниот град Маламок на другиот крај на лагуната.

Италијанската влада го дава островот под концесија на 99 години.